Спорт
Новак го збриша Хачанов и покрај инцидентот со линискиот судија

Новак Ѓоковиќ повторно удри тениски линиски судија со топче во текот на осмина-финалето на „Ролан Гарос“, но бидејќи овој пат очигледно не беше намерно, тоа не му попречи да стигне до рутинска 6:4/6:3/6:3 победа над Русинот Карен Хачанов.
Светскиот рекет број 1 останува прв фаворит за титулата од Париз откако досега нема загубено сет и вкупно на своите противници им препушти 23 гема. Следен за него ќе биде подобриот од дуелот меѓу Шпанецот Пабло Карењо Буста и Германецот Даниел Алтмаер, а во предност е пред ривалите бидејќи Рафаел Надал и Доминик Тим се во истата половина од ждрепката, односно со нив може да се сретне само во финалето.
?#RG20 (?@Eurosport_RU ) pic.twitter.com/d8IJNiUbwG
— doublefault28 (@doublefault28) October 5, 2020
Најинтересниот момент од мечот се случи во првиот сет кога Ѓоковиќ, кој беше дисквалификуван од САД опен во Њујорк поради удирање со топче на линиската судијка, го повтори овој „престап“, но овој пат само во игра обидувајќи се да му врати сервис на Русинот. Секако, овој пат немаше опасност за дисквалификување.
Првиот сет Ѓоковиќ го почна фантастично и на свој сервис во првите три гема дозволи само еден поен, но имаше проблеми со силниот сервис на Русинот и до својата прв брејк стигна при 4:3 во гем, кој траеше повеќе од 10 минути. Меѓутоа, Хачанов врати брејк за 5:4, нешто што го налути Ѓоковиќ и во следниот гем го освои сетот. Слична игра имаше и во следните два сета, во кои Ѓоковиќ имаше мака да стигне до брејк на сервис на Русинот, но на крајот го комплетира мечот со рутинска победа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Падна договор меѓу Арсенал и Ѓекереш

Арсенал е на добар пат да го потпише Виктор Ѓекереш, еден од најбараните напаѓачи во Европа во моментов.
Како што објави „Атлетик“, преговорите меѓу „Топџиите“ и играчот на Спортинг напредуваат добро и веќе се зборува за петгодишен договор за 27-годишниот Швеѓанец.
Во претходната сезона, со 54 гола на 52 натпревари, Ѓекереш му помогна на Спортинг да стигне до двојната круна.
Долго време неговото име се поврзува со Арсенал, и не е тајна дека преселбата во лондонскиот клуб е негова голема желба, сега наводно сите услови се веќе договорени.
Со доаѓањето на Андреа Берта како спортски директор на „Топџиите“, доведувањето на Ѓекереш беше поставено како еден од приоритетите на клубот.
Се шпекулира дека фиксниот дел од трансферот ќе изнесува 65 милиони евра, а уште 15 милиони Спортинг ќе може да заработи преку бонусите.
Спорт
Пјастри: Нема да зборувам многу, би можел да се најдам во неволја

Трката за Големата награда на Велика Британија во Силверстоун донесе ново намалување на разликата меѓу асовите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис. А тоа значи и зголемување на тензиите, а дека се оди во тој правец може да се насети и по изјавата на Австралиецот по завршувањето на трката.
Лидерот во генералниот пласман ги имаше сите адути во свои раце – водечка позиција, контрола на трката. Но, една кардинална грешка и казна од 10 секунди практично го чинеше победа, па наместо да се оддалечи од тимскиот колега за уште осум поени и да стигне до разлика од 23 бода, ситуацијата се сврте – Норис ја намали разликата на само осум поени на половина од сезоната.
Самиот Пјастри не е задоволен од казната, смета дека е неправедна. Кога отиде да ја одработи казната и дојде до предавање на позицијата на Норис, побара од тимот да му наложат на Норис да ја врати позицијата и да се тркаат, но Мекларен тоа го одби.
„Нема да зборувам многу, за да не западнам во неволја. Но изгледа дека повеќе не смее да се кочи зад безбедносното возило – изјави Пјастри.
Фото: ЕПА
Спорт
Пјастри му ја подари победата на Норис, Хулкенберг е херојот во Британија

Ландо Норис го искористи подароот од тимскиот колега Оскар Пјастри и победи на трката за Големата награда на Велика Британија. Тркањето на култната патека во Силверстоун ја обележа безбедносното возило, кое шест пати излезе на патеката и брилијантниот Нико Хулкенберг кој го комплетираше подиумот.
Трката која се возеше по тешки услови, требаше, но не ја доби Пјастри. Австраиецот направи глупава греша додека безбедносното возило беше на патеката, поради што доби казна од 10 секунди, што му овозможи на Норис да ја забележи осмата победа во кариерата.
Херој на денот е Хулкенберг од Заубер, во 239 настап во Ф1 трка прв пат се искачи на подиумот. Германецот трката ја започна од 19. позиција.
Бодови во Британија освоија Хамилтон, Ферстапен, Гасли, Строл, Алонсо, Албон и Расел.
Во првенството сега следува пауза од три недели. Следната трка ќе се вози во Белгија на Спа Франкошамп.
Foto/ EPA/PETER POWELL