Македонија
Осум починати и 225 нови случаи на Ковид-19 во земјата
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.841 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-120, Куманово-10, Штип-8, Прилеп-15, Тетово-17, Струга-6, Битола-7, Охрид-4, Гостивар-1, Гевгелија-3, Струмица-13, Крива Паланка-2, Кочани-6, Пробиштип-2, Берово-3, Виница-1, Делчево-1, Свети Николе-3, Кичево-2, Неготино-1.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје-56, Куманово-13, Прилеп-10, Тетово-10, Струга-2, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-9, Гевгелија-2, Струмица-14, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Кочани-14, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-2, Делчево-1, Свети Николе-4, Кичево-7, Неготино-1.
Во болнички услови починати се 8 лица – два пациенти од Скопје (75 и 68), три пациенти од Гостивар (82, 68 и 65), од Кочани (69), од Струга (78) и Струмица (64).
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19.096, бројката на оздравени пациенти е 15.645, на починати е 768, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.683. Денес се евидентираат два контролни теста. Според завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 7.538, активни 1.005
• Куманово 1.812, активни 167
• Дебар 287, активни 32
• Штип 1.294, активни 69
• Прилеп 737, активни 147
• Тетово 1.509, активни 168
• Струга 694, активни 47
• Велес 341, активни 32
• Битола 338, активни 77
• Охрид 442, активни 35
• Кавадарци 252, активни 39
• Гостивар 948, активни 66
• Гевгелија 143, активни 46 (9 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 21 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 316, активни 177
• Крива Паланка 127, активни 35
• Радовиш 102, активни 34
• Крушево 20, активни 1
• Кочани 432, активни 171
• Пробиштип 119, активни 19
• Демир Хисар 62, активни 2
• Македонски Брод 93, активни 3
• Пехчево 46, активни 4
• Берово 130, активни 50
• Валандово 51, активни 36
• Виница 126, активни 37
• Делчево 174, активни 84 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 26, активни 2
• Свети Николе 376, активни 53
• Кичево 336, активни 26
• Ресен 166, активни 8
• Неготино 59, активни 11 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.841 теста се преку: ИЈЗ – 379, ЦЈЗ Скопје – 36, „Авицена“ – 266, „Биотек“ – 253, МАНУ – 210, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 278, „Систина“ со PCR-метода – 196, лабораторија „Лаор“ – 78, Судска медицина – 18, ЦЈЗ Битола – 51, Инфективна клиника – 4, ГАК – 17, „Синлаб“ – 55, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 197.382 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле нема хоспитализирани позитивни на Ковид-19, а хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 14, а во болницата во Штип – 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 189 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 61
• Гази Баба – 114
• Аеродром – 173
• Карпош – 147
• Центар – 171
• Кисела Вода – 116
• Ѓорче Петров – 74
• Бутел – 44
• Шуто Оризари – 17
• Студеничани – 4
• Сарај – 14
• Арачиново – 5
• Илинден – 32
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 4
• Петровец – 7
• Зелениково – 3
• Странец – 9
• Нераспределен – 7
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) СДСМ бега од темата Груби и од борбата против корупцијата, рече Петрушевски
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција оцени дека Социјалдемократскиот сојуз, како што рече, бега од темата Груби, и наместо да го поздрави справувањето со криминалот, нуди приказни за театар и циркус.
„Времето покажува дека на СДС – безрбетна најдобро ѝ оди кога нешто треба да се продава, распродава и да се мести. И тоа е така без разлика дали тоа е местење на тендери или продавање на државата“, изјави Петрушевски.
Тој рече дека партијата наместо да поздрави, како што наведе, „чин на справување со незаконити дејствија, криминал, фаќање на лица кои бегаат или бегале од правдата“, се занимава со други теми.
„Очигледно е зошто го прават тоа, веројатно затоа што во конкретниот случај со Артан Груби не можат ни да се сетат во што се биле заедно вмешани, во какви зделки, коруптивни активности или криминал. Поточно во што се шурувале“, изјави Петрушевски.
Тој додаде дека актуелното раководство на СДСМ, меѓу кои ги спомена Венко Филипче, Оливер Спасовски, Јованка Тренчевска и Јон Фрчкоски, „кажуваат секојдневно некакви приказни“, но дека суштината, според него, е борбата против корупцијата.
„Професионална, координирана активност на надлежните служби за да се фати бегалец од правдата покажува на дело дека сега борбата со корупцијата и криминалот е решителна“, изјави Петрушевски.
Тој нагласи дека за ВМРО-ДПМНЕ клучна е борбата со корупцијата и криминалот и, како што рече, „поставувањето на здрави темели на начелото на владеење на правото“.
Македонија
Кардиологија и Кардиохирургија стануваат еден центар: заштедите од спојувањето ќе одат во опрема и едукација, најави Алиу
Владата на последната седница, која се одржа минатиот вторник(24.02.2026), на предлог на Министерството за здравство, донесе одлука за спојување на Клиниката за кардиологија и Државната клиника за кардиохирургија, со цел обезбедување повисок степен на интегрираност, координација и ефикасност во третманот на пациентите со кардиоваскуларни заболувања, преку рационално искористување на постојните човечки, просторни и технолошки ресурси на двете установи.
„Со донесената одлука за спојување на двете клиники формираме единствен центар на терциерно ниво за кардиоваскуларна медицина, кој овозможува континуитет на дијагностичко-терапевтскиот процес, од превенција и дијагностика, до интервентен и хируршки третман. Преку укинување на административните дупликати и оптимизација на организациската структура, создаваме предуслови за заштеда на средства кои ќе се реинвестираат во унапредување на квалитетот на услугите, модернизација на медицинската опрема и професионална едукација на кадарот“, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.
На овој начин ќе се овозможи подобра искористеност на капацитетите, односно зголемен број интервенции со интеграција на лабораториските, стерилизациските и операционите служби. Пациентите ќе добиваат комплетна кардиолошка и кардиохируршка грижа во рамки на единствена установа, без административни пречки и чекање трансфер, што значи поголема достапност и континуитет на здравствените услуги.
Воедно, спојувањето на клиниките ќе придонесува кон развој во сегментот на едукација и истражување, со креирање обединет академски центар со повеќе можности за обука на специјализанти, супспецијализанти и развој на научни програми.
Македонија
Исчистен просторот кај СЦ „Борис Трајковски“, подигнати 3.500 м³ отпад за 100 дена
Општина Карпош спроведе сериозни активности за уредување на јавните површини. Дивите депонии на повеќе локации се расчистени, а просторот околу Спортскиот центар „Борис Трајковски“ е целосно исчистен. На потегот кај „Скупи 5“ и кон Бардовци се подигнати над 3.500 кубни метри отпад, информираат од општината.
Покрај тоа, од општината велат дека се реализирани повеќе од 50 интервенции на јавното осветлување, спроведена е редовна дератизација и одржување на противпожарната инфраструктура во училиштата и градинките. Исто така, објавен е повик за стерилизација на улични мачки, а во училиштата започнаа активности за производство на компост и намалување на аерозагадувањето.

