Европа
Западот и Москва разменуваат обвинувања за Дебалцево
НАТО ја повика во средата Русија целосно да се повлече од истокот на Украина и да престане да им помага на рускојазичните бунтовници кои го по речиси еден месец опсада го заземаа стратешки важниот град Дебалцево од каде што масовно се предаваат и се повлекуваат украинските војници, додека Москва возврати дека Западот сака со погрешно толкување на договорот од Минск да го прекрши примирјето.
„Ја повикувам Русија да ги повлече сите свои сили од истокот на Украина, да ја прекине секоја поддршка на сепаратистите и да го почитува договорот од Минск за прекин на огнот“, порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг од Рига. Столтенберг на неформалната средба на европските министри за одбрана тврди дека руските сили, артилерија и воздушни сили уште се активни во Украина, пренесува Reuters .
„Одбивањето на сепаратистите (како што западот ги именува русјкојазичните бунтовници во источна Украина) одбиваат да го го почитуваат прекинот на огнот му се заканува на договорот од Минск“, кој стапи на сила од полноќ на 15-ти февруари. „Исто така, закана претставува и нивното одбивање да им овозможат пристап на набљудувачите од Организацијата за безбедност и соработка во Европа“ (ОБСЕ), рече Столтенберг.
Стратешки важниот железнички јазол во источна Украина – Дебалцево, коешто е длабоко во териториите на самопрогласените ткн „народни републики“ во Донецк и Луганск, е освоено од силите на проруските бунтовници кои најмалку една седмица го стегаа обрачот околу неколкуте илјади украински војници кои откако претходно одбиваа да се повлечат преку ткн „зелен коридор“ кон внатрешноста на Украина, откако во вторникот започнаа уличните борби во градот започнаа со повлекување и предавање.
Киев тврди дека овој град, кој е важен железнички јазол во источните региони треба да го контролира украинската војска, бидејќи во моментот на потпишувањето на договорот тој беше под контрола на неговите сили, додека бунтовниците тврдат дека Дебалцево се наоѓа длабоко во територијата којашто ја контролираат тие, која според една од одредбите на договорот од Минск ќе добие специјален статус и поголема автономија.
Дебалцево, коешто има големо регионално значење, од крајот на ланскиот јули, кога украинската армија поведе офанзива за враќање на контролата на прозападните власти во Киев врз одметнатите рускојазични источни региони, е под контрола на украинската војска. Покрај економското значење како еден од најголемите железнички јазли во Украина, Дебалцево има и воено стратешко значење, бидејќи како клинец навлегува длабоко на територијата која е под контрола на бунтовниците, и од таму може да се вршат напади врз градовите кои тие ги имаат под контрола, како Горловка, Енакиево, Шахтерск, Лисичанск и Стаханов.
Високата претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, изјави дека „сепаратистите јасно го кршат“ договорот од Минск, а таквиот став преку соопштенија и Берлин и Париз.
Меѓутоа, бунтовниците и во средата тврдат дека прекинот на договорот од Минск, договорен на 12-ти јануари меѓу челниците на Украина, Русија, Германија и Франција, не се однесува на овој град кој ги поврзува Донецк и Луганск.
На истиот став е и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. „Киев и Западот сакаат Дебалцево да го имаат како изговор да го прекршат договорот од Минск. Таквиот став го заземаа по претходни и не сакаме да се повтори“, порача Лавров од Москва, пренесува РИА Новости. Лавров ја нагласи важноста од директен дијалог меѓу Киев, Донецк и Луганск и брзо запирање на вооружениот судир во Дебалцево, се вели во соопштението на руското министерство за надворешни работи кое истакнува дека шефот на дипломатијата во средата имал телефонски разговор со американскиот државен секретар Џон Кери посветен на спроведувањето на мировниот договор со цел да се стави крај на судирите во источна Украина.
„Заземањето на Дебалцево е погубно за надежите во мир. Германската влада остро го осудува воената операција на сепаратистие во Дебалцево и тоа е големо кршење на прекинот на огнот“, изјави портпаролот на германската влада Штефан Зајберт, кого го цитира DPA. Тој најави можни нови санкции против Русија. „Новите санкции против Мосвка би можеле да бидат потребни доколку има нова ескалација“, рече Захберт, но повтори дека Германија е против испораката на оружје за Украина, на што инсистираат САД.
И портпаролот на Елисејската палата, Степан л’Фол изјави дека бунтовничкото заземање на Дебалцево претставува тешкотија во примената на договорот за прекинот на огнот“, три дена откако стапи на сила, пренесува AFP. Најави дека во среда навечер телефонски ќе разговараат францускиот претседател Франсоа Оланд, германската канцеларка Ангела Меркел, и рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот Петро Поршенко
Порошенко претходно го потврдил повлекувањето на владините сили од Дебалцево. „Утрово вооружените сили и Нациолнаната гарда го завршија планираното и организирано повлекување од Дебалцево. Околу 80 отсто од војниците го напуштија градот. Ќе подготвиме организирана и координирана реакција“, се заканил Поршенко, пренесе украинската агенција Интерфакс. Украинскиот претседател притоа ги повика Европската унија и САД „остро да одговорат на бруталното руско кршење на примирјето од Монск“.
Бунтовниците истовремено во средата претпладне изјавија дека артилеријата со најголем калибар се повлекува од јужните периферни области на „републиката“. „Во моментов ја повлекуваме артилеријата, хаубици. Доколку разузнавањето ни потврди дека украинската страна не го повлекла оружјето, ние нашето ќе го вратиме на претходните позиции. Во моментов имаме информации за групирање на украинската воена опрема на спротивните позиции“, изјавиле за РИА Новости извори од одбраната на Донецк./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за користењето на замрзнатите руски средства што ги поседува белгиската финансиска институција „Еуроклеар“ за финансирање на огромен заем за Украина.
Појавата на беспилотни летала над аеродромите и воените бази стана чест проблем во Белгија во последните денови и предизвика големи нарушувања низ цела Европа во последните месеци. Некои официјални лица рекоа дека инцидентите низ Европа претставуваат „хибридна војна“ на Русија. Москва негираше каква било поврзаност со инцидентите.
„Да, сите го гледаме тоа. И Белгијците исто така. Оваа мерка има за цел ширење несигурност и заплашување на Белгија: Не се осмелувајте да ги допирате замрзнатите средства. Ова не може да се толкува на друг начин“, им рече Писториус на новинарите на прес-конференција во Берлин.
Белгиското Министерство за одбрана одби да коментира неговите изјави, но рече дека „оваа можност веќе е покрената во Белгија“. Белгискиот премиер Барт де Вевер рече дека на неговата земја ѝ се потребни конкретни и цврсти гаранции пред да спроведе план за користење на замрзнатите руски средства за да ѝ помогне на Украина во борбата против руската инвазија.
Ставот на Белгија е клучен бидејќи белгиската финансиска институција Евроклер држи замрзнати руски средства. Белгискиот аеродром во Лиеж ги продолжи летовите откако привремено го прекина сообраќајот во понеделник поради забележан дрон, втор ваков инцидент оваа недела.
Дроновите забележани над аеродромите во главниот град Брисел и источниот град Лиеж пренасочија бројни летови и приземјија некои авиони што требаше да полетаат пред три дена. Белгиската влада вчера свика итен состанок на клучните министри и шефови на безбедносни служби за да разговараат за она што министерот за одбрана го опиша како координиран напад.
фото: принтскрин
Европа
Данска ќе ги забрани социјалните мрежи за децата под 15 години
Данска ќе ја забрани употребата на социјалните медиуми од страна на деца под 15 години, соопшти денес данската влада, но родителите ќе можат да дадат согласност за пристап до одредени платформи за деца на возраст од 13 години и повеќе.
Овој потег доаѓа откако премиерката Мете Фредериксен во говорот пред парламентот во октомври повика на ограничувања за користењето на социјалните медиуми од страна на децата поради загриженост за менталното здравје на младите. „Таканаречените социјални медиуми сè повеќе им го крадат времето, детството и благосостојбата на нашите деца, и ние сега ставаме крај на тоа“, изјави министерката за дигитализација Каролин Стејџ Олсен.
Повеќето партии во парламентот изјавија дека ќе го поддржат планот пред официјалното гласање. Snapchat, YouTube, Instagram и TikTok се најпопуларните платформи на социјалните медиуми за деца во Данска, соопшти владата.
Според анализата од февруари на Данскиот орган за конкуренција и потрошувачи, младите луѓе во нордиската земја поминуваат просечно 2 часа и 40 минути дневно на социјалните медиуми. Данска ја следи Австралија, која минатата година ги забрани социјалните медиуми за деца под 16 години.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски: На Украина ѝ е потребна меѓународна помош за заштита на енергетската инфраструктура
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина ѝ е потребна меѓународна помош за да ја заштити својата енергетска инфраструктура од руски напади.
Зеленски во видео порака рече дека системите за воздушна одбрана и заштитата на енергетската инфраструктура се „највисоки приоритети со оглед на руските напади“.
„Всушност, нашите добавувачи на енергија, тимови за поправка и силите за цивилна одбрана се зафатени со обновување на областите по нападите секој ден“, рече Зеленски, апелирајќи за помош од меѓународната заедница.
Четврта зима од војната
Додека војната влегува во својата четврта зима, руската војска повторно систематски ги гранатира електраните и трафостаниците за да го прекине снабдувањето со електрична енергија, греење и вода на украинското население.
Укренерго соопшти дека во четврток повторно се планирани фазни прекини на електричната енергија низ целата земја за да се стабилизира мрежата.
фото: принтскрин

