Свет
Каде погрешија Трамп и Белата куќа – четири клучни грешки
Кога и по која сртедба или настан претседателот на САД, Доналд Трамп, се зарази со коронавирус, се поставува прашањето кои клучни правила за сузбивање на заразата ги прекршила Белата куќа.
Би-би-си ги следеше мерките и препораките на американскиот Центар за контрола и превенција на болести и начинот на кој ги следела истите Белата куќа.
Едното од основните правила за кои веќе половина година зборува светската јавност е носењето заштитни маски, особено во јавност, односно во близина на други луѓе. Ова воедно е и првото правило кое не го испочитувале Белата куќа и администрацијата на Трамп. Американскиот претседател е критикуван повеќепати поради непочитување на правилата за носење маски, а на една од последните свечености во Белата куќа речиси никој од присутните не носел маска.
Набрзо откако излезе од болница, каде што се лекуваше од Ковид-19, Трамп повторно се најде на критики во јавноста бидејќи ја извади маската веднаш штом влезе во Белата куќа, иако повеќето експерти тврдат дека тој и натаму може да ја пренесе заразата.
Друга мерка е организаторите на настани да овозможат на присутните да држат дистанца од два метра, како и нужните собири да се одржуваат на отворен простор.
Белата куќа го прекрши и ова правило за време на неодамнешната свеченост на именувањето на судијката на Врховниот суд на САД, Ејми Конеј Барет. Фотографии кои кружат во јавноста покажуваат дека никој внатре во Белата куќа не ги почитува правилата за дистанца и носење маски.
Ако сте позитивни на Ковид-19, препораките велат да се самоизолирате од другите луѓе. Сепак, Трамп додека се лекуваше во болница, излезе за да се провози, при што десетина лица изложи на ризик од заболување.
Исто така, важно е луѓето кои се заразени да ги информираат сите оние со кои биле во близок контакт, за да можат навреме да спречат ширење на заразата. Не е јасно колку близу биле Трамп и Џо Бајден за време на дебатата, но тимот на Бајден, како и тој лично, не се информирани за дијагнозата на Трамп.
Исто така никој од Белата куќа не информирал лица со кои заразените членови од администрацијата на Трамп биле во контакт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Прво огласување на кралот Чарлс по апсењето на Ендру
Британскиот крал Чарлс се огласи по апсењето на својот брат и поранешен принц Ендру.
„Со најдлабока загриженост ја примив веста за поранешниот принц Ендру Маунтбатен Виндзор и сомневањето за злоупотреба на јавна функција. Она што сега следи е целосен, фер и правилен процес за соодветно истражување на ова прашање и од страна на надлежните органи. Во ова, како што реков, тие ја имаат нашата целосна и безусловна поддршка и соработка. Да бидам јасен: законот мора да си го направи своето. Додека овој процес продолжува, не би било соодветно да коментирам понатаму. Во меѓувреме, моето семејство и јас ќе продолжиме да ја извршуваме нашата должност и да ви служиме на сите вас. Чарлс Р.“, изјави тој.
Свет
Стармер: Никој не е над законот
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека уапсениот Ендру Маунтбатен-Виндзор треба да разговара со властите во Велика Британија и САД во врска со „скандалот“ околу осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, нагласувајќи дека „никој не е над законот“.
Во интервју за Би-Би-Си, Стармер рече дека секој што има релевантни информации има обврска да се јави кај властите.
„Секој што има какви било информации треба да сведочи. Без разлика дали е Ендру или некој друг, секој што има релевантни информации треба да контактира со надлежниот орган“, истакна британскиот премиер, додавајќи дека ова важи не само за случајот Епстин, туку и за сите други случаи на насилство врз жени и девојчиња.
Стармер истакна дека еден од основните принципи на британскиот систем е дека сите се еднакви пред законот.
„Никој не е над законот. Тоа е долгогодишен и многу важен принцип на нашето општество и мора да се примени во овој случај на ист начин како и во секој друг“, рече тој.
Ендру Маунтбатен-Виндзор беше уапсен денес во неговиот имот Вуд Фарм во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден, објави британскиот „Телеграф“, повикувајќи се на неименувани извори.
Ендру беше уапсен под сомнение за злоупотреба на јавна функција.
Регион
Пленковиќ: Разговарав со Вучиќ, Сојузот е „технички“
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денес во Њу Делхи изјави дека за време на разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ, тој „ги отфрлил стравувањата на Србија во врска со одбранбената соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово“.
„Ги отстранивме стравувањата што, според нас, постојат во Србија во врска со соработката меѓу министерствата за одбрана на Хрватска, Косово и Албанија.“ Објаснив дека оваа соработка е насочена кон техничка соработка на нашите оддели и дека на никаков начин не е насочена против Србија“, рече Пленковиќ.
„Значи, сега, колку што видов од неговата изјава, таа е прифатена“, им рече Пленковиќ на новинарите на маргините на самитот за вештачка интелигенција во Њу Делхи, пренесува „Хина“.
Според написите, минатата година, Хрватска, Албанија и Косово потпишаа Декларација за соработка во областа на одбраната и безбедноста, која, според толкувањето на експертите, не е исто што и договор за воено-техничка соработка,.

