Црна хроника
Приведени двајца крадци од Скопје
Триесетгодишен скопјанец (И. Р.) е приведен поради извршување тешки краби, а лишен од слобода е и 29-годишен скопјанец (О. И.), кој се сомничи дека му помагал во извршувањето на кривичните дела.
„На 5.10.2020, во 22 часот, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода, го лишиле од слобода И. Р. (30) од Скопје поради сомнение дека истиот ден на подрачјето на ЕВР Кисела Вода извршил две кривични дела тешка кражба и едно кривично дело тешка кражба во обид. Лицето било приведено и задржано во полициска станица. По преземените мерки, кај него биле пронајдени предмети што потекнуваат од кривичните дела што ги извршил, и тоа: тешка кражба на улицата Козјак, тешка кражба на улицата Димитар Мирасчиев, тешка кражба на улицата Стојан Стојановски и тешка кражба во обид на улицата Димитар Мирасчиев. Во врска со споменатите дела, односно поради сомнение дека извршил кривично дело помагање во извршување на кривичните дела, приведено е и лицето О. И. (29) од Скопје. По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

