Спорт
Франција ја декласираше Украина – совршена вечер за херојот Оливие Жиру
Оливие Жиру вечерва имаше чест да ја носи капитенската лента на актуелните светски шампиони, Франција, за кои го одигра својот 100. натпревар, а вечерта на „Стад де Франс“ да биде совршена се погрижи со два гола за да помогне при 7:1 триумфот над Украина во пријателски меч и за поминување на Мишел Платини на второто место на вечната листа на стрелци.
Честопати критикуван и потценуван (посебно од поранешниот соиграч Карим Бензема), по прекрасниот гол на младиот Едуардо Камавинга на стартот на мечот, Жиру постигна два гола, во 24. и 34. минута за да стигне до 42 гола за Франција, поминувајќи го Платини (41) и останувајќи само зад Тјери Анри, кој има 51 гол.
По ова, Французите во „славеничка“ атмосфера го декласираа тимот на Андриј Шевченко. Миколенко во 39. минута си даде автогол за 4:0, пред Виктор Циганков да намали на 4:1 во 53. минута.
Финишот на мечот му припадна на Килијан Мбапе – прво му асистираше на Корентин Толисо во 65. минута, за во 82. минута да се запише во листата на стрелците, пред Антоан Гризман во 88. минута да ги постави конечните 7:1.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Мбапе: Заслужено загубивме, последниот гол што го примивме е срамен
Двата гола на Килијан Мбапе не беа доволни за Реал Мадрид да извлече позитивен резултат на гостински терен во Лисабон. Во нереална драма, Бенфика победи со 4:2 и стигна до нокаут фазата од натпреварувањето, елиминирајќи го Реал од Топ 8.
„Немам вистинско објаснување. Не бевме исти како во натпреварот со Виљареал и проблемот е што немаме таков континуитет во играта. Мораме да го решиме тој проблем бидејќи не можеме еден ден да бидеме добри, а еден ден лоши. Тоа не е шампионски тим, нели?“, рече Килијан Мбапе.
Најдобриот играч на Реал нема дилема дека неговиот тим заслужил да загуби.
„Поразот на крајот беше заслужен. Не можам да кажам дека не е заслужен, затоа што не игравме добро за да победиме. Тие, од друга страна, играа добро. Бенфика е непријатна дома, го знаевме тоа и тоа е наша вина. Денес не стануваше збор за тактика или квалитет. Противникот сакаше да се бори, ги гледав како се борат за своите животи. Не го видов тоа од нас. Последниот гол што го примивме е срамен“, рече Мбапе.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Солзите на Леброн и дебакл на Лејкерси во Кливленд
Кошаркарите на Кливленд ги победија Лејкерси со 129:99 во можеби последниот натпревар на Леброн Џејмс во неговиот Охајо.
Кливленд го омекна срцето на својот најдобар играч на сите времиња на средина од првата четвртина со прикажување снимки од неговите подвизи во дресот на Кавс. Џејмс во тие моменти не можеше да ги задржи солзите. .
По натпреварот, тој речиси потврди дека ова е веројатно неговиот последен натпревар во неговата сала.
„Само се обидувам да протолкувам сè, не земам ништо здраво за готово. Бидејќи ова може да биде мојата последна сезона. Очигледно сè уште не сум донел одлука, но лесно може да биде (последната сезона)“, рече Џејмс по натпреварот во кој неговиот сегашен тим беше разбиен од неговиот поранешен тим.
Патем, Кавс му ги пуштија „најважните моменти“ од натпреварот од финалето на Истокот во 2008 година против Детроит Пистонс, кога тогаш младиот Леброн постигна 48 поени, вклучувајќи 25 по ред на крајот од натпреварот.
LeBron tak się wzruszył na prezentacji w Cleveland, jakby to miał być jego ostatni mecz w tej hali 🥲 pic.twitter.com/TlIIsf7vv2
— Maciek Wooden (@wooden13) January 29, 2026
Годините си го земаат данокот, па на неговото ново гостување во Охајо, ветеранот Леброн го претрпе најтешкиот пораз, а воедно го одигра и најслабиот натпревар како ривал во Кливленд, постигна само 11 поени (3/13 од поле, 0/3 за три).
Кавс ја направија клучната разлика во третиот период, кој заврши со резултат 42:22.
Донован Мичел го заврши натпреварот со 25 поени, Џејлон Тајсон даде 20, Деандре Хантер 19, додека Џарет Ален придонесе за петтата последователна победа на Кливленд со 17 поени.
Во поразениот тим, Лука Дончиќ беше најефикасен со 29 поени.
НБА, резултати:
Индијана – Чикаго 113:110
Бостон – Атланта 106:117
Мајами – Орландо 124:133
Торонто – Њујорк 92:119
Мемфис – Шарлот 97:112
Далас – Минесота 105:118
Јута – Голден Стејт 124:140
Хјустон – Сан Антонио 99:111
Спорт
Позната е шемата за плеј-офот, можна е уште една пресметка меѓу Реал и Бенфика
По завршувањето на правата фаза во Лигата на шампионите, познати патниците во осминафиналето и екипите кои ќе играат плеј-оф за пласман меѓу најдобрите 16.
Од првото до осмото место се пласираа: Арсенал, Баерн, Ливерпул, Тотенхем, Барселона, Челзи, Спортинг и Манчестер Сити.
Пејофот ќе играат: Реал Мадрид, Интер, ПСЖ, Њукасл, Јувентус, Атлетико Мадрид, Аталанта, Баер Леверкузен, Борусија Дортмунд, Олимпијакос, Клуб Бриж, Галатасарај, Монако, Карабаг, Бодо/Глимт и Бенфика.
Познато е дека УЕФА, од минатата сезона, воведе „тениска ждрепка“ за нокаут фазата, истото ќе биде и сега, па затоа следните двојки се можни во осминафиналето:
Реал Мадрид/Интер – Бенфика/Бодо
ПСЖ/Њукасл – Карабаг/Монако
Јувентус/Атлетико – Галатасарај/Клуб Бриж
Аталанта/Леверкузен – Дортмунд/Олимпијакос
Значи, постојат големи шанси Бенфика и Реал повторно да ги одмерат силите.
А што се однесува до осминафиналето, шемата е иста…
Сити го чека Реал или Интер (ако поминат), ПСЖ може да оди на Барселона или Челзи, а Ливерпул кај Јувентус или Атлетико.

