Македонија
Бектеши-Тигањ: Има голем простор за зголемување на трговската соработка меѓу Македонија и Хрватска

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска се сретна со Нивес Тигањ, амбасадорка на Република Хрватска во Северна Македонија.
Министерот Бектеши и амбасадорката Тигањ разговараа за економската соработка меѓу двете земји, мерките за справување со социо-економската криза предвизикана од коронавирусот, како и економските политики на новата Влада за идниот развој на економијата.
Амбасадорката Тигањ упати честитка за изборот на новата Влада, како и за повторниот избор на министерот Бектеши за министер за економија.
На средбата министерот ја информираше амбасадорката за политиките и мерките кои ги спроведе Владата во справување со последиците од пандемијата, пред сè во делот на поддршка на економијата.
Министерот Бектеши се заблагодари за пријателската поддршка од Република Хрватска во демократските и евро-атлантските процеси на земјава, и истакна дека и покрај традиционално добрите билатерални односи, меѓу дете земји има голем простор за зголемување на економската соработка.
Според податоците од Државниот завод за статистика по намалувањето на трговската размена меѓу двете земји во 2019 година, според министерот Бектеши радува податокот што и покрај пандемијата, билатералната соработка меѓу двете земји во првите седум месеци годинава бележи раст 18,1%, при што извозот од Северна Македонија кон Хрватска е зголемен за 24,7%, додека увозот е зголемен за 11%.
Овие податоци, како што истакна министерот се поттик двете земји во наредниот период да работат засилено на зголемување на трговијата, но и на поддршка на компаниите за проширување на своите деловни активности во двете земји.
Министерството за економија и во наредниот период ќе остане отворено за секаков вид соработка со Република Хрватска, кажа министерот Бектеши, а со амбасадорката Тигањ се согласија дека ќе работат на дополнително унапредување на економските односи помеѓу двете земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места дожд и снег

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7 степени, а максималната ќе биде во интервал од 4 до 11 степен.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти со 3, а максималната ќе достигне 7 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд. Денес на планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка. Поради натамошно спуштање на студен воздух, ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места. За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а дневната ќе биде во благ пораст.
Македонија
Врнежи од снег и паднати дрвја на патот Никфорово-Леуново-Бунец, сообраќајот во прекин

На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.
Се интервенира за негово расчистување.
Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското езеро.