Црна хроника
Спречен шверц на кокаин вреден 200.000 евра

Македонското Министерство за внатрешни работи во соработка со германските полициски служби пресече меѓународен канал за шверцување кокаин од Јужна Америка кон Европа, а Македонија била крајна дестинација
Во рамки на заедничката оперативна обработка со кодно име „Франкфурт“, спречена е испорака на наркотична дрога кокаин-паста на релација Перу, преку Германија кон Македонија како крајна дестинација. Притоа се запленети околу два килограма кокаин-паста, како и големо количество брендирана текстилна облека.Во саботата од страна на Единицата за борба против недозволената трговија со дрога до Основното Јавно обвинителство – Скопје, поднесена е кривична пријава против Б.В.(44) и М.П.(39) двајцата од Скопје, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. Второпријавената со доказниот материјал е изнесена пред Истражен судија кој на неа и на првопријавениот во отсуство им изрече мерка притвор во времетраење од 30 дена.Малопродажната вредност на запленетиот кокаин се проценува на околу 200 илјади евра. Се претпоставува дека запленетиот кокаин бил наменет за македонскиот пазар, односно за поимотни клиенти кои контактирале со второпријавената.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
На тераса во Кочани украден паричник од 90-годишен маж

90-годишник од Кочани синоќа пријавил кражба што се случила околу 21:30 часот на терасата од неговата семејна куќа.
Според пријавата во ОВР Кочани, едно лице му го одзело паричникот во кој имало пари и лични документи.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Норвежанец приведен на аеродромот во Скопје, се однесувал агресивно

44-годишен државјанин на Норвешка бил приведен ноќеска на Меѓународниот аеродром Скопје, откако за време на летот од Осло до Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при обид полициските службеници да разговараат со него, мажот продолжил да се однесува агресивно и кон нив, попречувајќи го извршувањето на службените дејствија.
Лицето било приведено, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Црна хроника
46-годишна жена физички нападната од својот партнер

Четириесет и шестгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната од својот партнер во домот каде што престојува, на подрачјето на општина Кисела Вода.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 6 јуни околу 22:00 часот, а пријавата била поднесена во СВР Скопје на 7 јуни, околу 02:30 часот. Осомничениот С.А. (50) оштетил и дел од покуќнината.
Од МВР информираат дека се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава против сторителот.