Свет
Грета Тунберг јавно го поддржа Бајден во трката за претседател на САД

Грета Тунберг го поддржа демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден и ги повика сите гласачи во САД да излезат на претседателските избори.
Тунберг на Твитер напиша дека не се занимава со партиска политика, но дека „претстојните американски избори се над тоа“, пренесува Ројтерс.
I never engage in party politics. But the upcoming US elections is above and beyond all that.
From a climate perspective it’s very far from enough and many of you of course supported other candidates. But, I mean…you know…damn!
Just get organized and get everyone to vote #Biden https://t.co/gFttFBZK5O— Greta Thunberg (@GretaThunberg) October 10, 2020
Активистката рекла дека од перспектива на заштита на животната средина тоа е многу далеку од доволно и дека знае дека многумина ќе поддржат други кандидати, но дека таа апелира да се гласа за Бајден.
Со овој потег, Тунберг би можела да поттикне излезност на изборите кај помладите гласачи, кои обично гласаат во помал број од постарите Американци, проценува агенцијата.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја исмејуваше шведската активистка, откако магазинот „Тајм“ ја прогласи за личност на годината во 2019 година.
Тој исто така саркастично го коментираше нејзиниот говор на самитот на ООН за климатските промени, кој се одржа минатата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Медведев: Русија нема да дозволи историјата да се прекројува

Заменик-претседателот на Советот за безбедност и лидер на партијата „Единствена Русија“, Дмитриј Медведев, денес изјави дека Русија нема да дозволи обиди за препишување на историјата од Втората светска војна и изедначување на „агресорите со ослободителите“.
„Благодарение на нашите херои, јасно гледаме како историјата ги казнува оние кои не ги научиле лекциите, оние кои се обидуваат да ги ревидираат резултатите од Втората светска војна. Нема да дозволиме историјата да се прекројува“, рече Медведев за време на отворањето на меѓународната патриотска кампања „Диктатот на победата“, објави РИА Новости.
Зборувајќи за современиот контекст, Медведев истакна дека денес Русија повторно се соочува со нацизмот, но под „нов плашт“.
„Нашата земја е повторно на фронтовската линија против истиот нацизам. Војниците и офицерите на специјалната воена операција, како и сите што работат во позадина и му помагаат на фронтот, ја продолжуваат работата на своите големи претходници“, рече тој.
Кампањата „Диктатот на победата“ се одржува на повеќе од 35.000 локации во Русија и во повеќе од 90 земји низ целиот свет.
Учесниците, меѓу кои ученици, студенти, членови на јавни организации и други граѓани, имаат 45 минути да одговорат на прашања за Големата патриотска војна и тековните воени настани, пренесува Танјуг.
Регион
(Видео) Еколошка катастрофа – нафта истече во Јадранското Море

Големи количини гориво истекоа во Јадранското Море на островот Хвар во Хрватска. Неофицијално, инцидентот се случил кога пукнал резервоар на танк на бензинската пумпа ИНА, објави „Далмација данас“.
Полицијата е на терен и се истражува како се случил инцидентот.
„Утрово, околу 9.30 часот, е примена информација дека во градот Хвар, заливот Крижна Лука, имало загадување со нафта во морето. Припадници на Полициската станица Хвар и Поморската полициска станица, пожарникари, Хрватската крајбрежна стража и припадници на Капетанијата на пристаништата се на местото на настанот. Покрај спроведувањето на постапката за санирање на штетите, ќе се спроведе и постапка за утврдување на сите факти и околности на настанот“, соопшти сплитската полиција.
Свет
Орбан: Пристапувањето на Украина во ЕУ може да ја уништи унгарската економија и да донесе војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Унгарија не може да го поддржи пристапувањето на Украина во Европската Унија бидејќи, како што изјави, „достигнувањата што се постигнати досега мора да бидат заштитени“.
Во интервју за јавното радио, Орбан објасни дека проширувањето на Европската Унија во минатото било корисно за постојните членки, како што е Унгарија, но дека приемот на Украина во блокот би бил штетен за Унгарија, објави „МТИ“.
„Зошто да губиме, кога би можеле да имаме корист или барем да го заштитиме она што сме го постигнале“, праша Орбан.
Тој изјави дека слободниот проток на украинска работна сила може да го загрози целосното вработување во Унгарија, што го смета за најголемо достигнување во последните 15 години.
Тој исто така истакна дека членството на Украина во Европската Унија би можело целосно да ги промени финансиските основи на европското земјоделство, што би ги оставило унгарските земјоделци без средства и би ги ставило стотици илјади семејства во многу тешка положба.
Орбан предупреди дека ако Украина стане членка на Европската Унија, во Унијата ќе влезе војната.
„Доколку го одобриме пристапувањето на Украина, во Европската Унија, која беше создадена како сојуз за мир, ќе има војна“, рече Орбан, повикувајќи, членството на Украина да биде отфрлено.
Тој додаде дека брзото членство на Украина може да „ја уништи унгарската економија“ и дека неговата земја може да банкротира.
Орбан потсети дека граѓаните на Унгарија имаат право да одлучат за датумот на пристапување на Украина, но дека е многу тешко да се поддржи тој процес.
Тој ја критикуваше и одлуката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која објави дека Украина мора да биде примена во Европската унија до 2030 година, нагласувајќи дека, според него, „процесот не може да се запре кога ќе стигне до последната фаза“.