Црна хроника
За еден ден во Тетово казнети 189 лица во сообраќајот

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.10.) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Тетово.
Притоа, изречени се вкупно 189 санкции, меѓу кои 31 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 22 за возење без возачка дозвола, 18 прекршоци на мотоциклисти, а изречени се и 17 санкции за неносење заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведени двајца крадци во Велес, одземеното е пронајдено и вратено на сопственичката

Доцна по полноќ, полицијата ги приведее Б.Ј.(44) и Љ.Т.(42), двајцата од Велес, поради сомнеж дека од домот на 53-годишна велешанка одзеле повеќе предмети.
Предметите се пронајдени и вратени на сопственичката.
Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен грчки државјанин на Табановце, во неговото возило биле пронајдени пиротехнички средства

Полицијата приведе грчки државјанин на Табановце, а во неговото возило биле пронајдени пиротехнички средства.
„На 24.04.2025 околу 23.30 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Н.К.(29) од Република Грција затоа што при гранична контрола и преглед во возилото со германски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени повеќе разновидни пиротехнички средства“, информира МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Разбојништо во Кисела Вода: тинејџери нападнале две лица

Јавен обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишник осомничен за кривично дело – насилство.
„На 21 април, во 2 часот по полноќ, пред тобако-маркет во Кисела Вода, осомничениот заедно со уште неколку непознати лица извршил грубо насилство врз двајца оштетени, а кај 10-годишно дете сведок на настанот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв“, соопшти Обвинителството.
Додека оштетените седеле пред маркетот, осомничениот со неколку непознати лица ги нападнале и започнале да ги удираат со бехатонски плочки, нанесувајќи му тешки телесни повреди на едното и телесни повреди на другото нападнато лице.
Со цел непречено водење на постапката, јавниот обвинител предложи на осомничениот да му бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице во судот, привремено одземање на патна исправа или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетените.