Црна хроника
Во судир на автомобил и мотор повредени четири лица
Четири лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и мотор, што се случила вчера околу 13.10 часот на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје.
Во незгодата, М.И. и сопатникот од мотоциклот П.А.(22) се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, а И.А., Ј.С.(25) од с.Грчец и уште еден малолетен сопатник од патничкото возило „фолксваген голф“, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош. Извршен е увид на местото на несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жени фатени во кражба: едната крадела во бутик, другата во гардеробер
Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера во 14.30 часот, ја лишиле од слобода С.Д.(36) од Гостивар поради сомнение дека извршила кражба во бутик во трговски центар во Гостивар.
Од неа биле одземени предметите и биле вратени на сопственикот.
С.Д. е задржана во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.
Истиот ден во 09.00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода Џ.Д. (44) од Охрид, којa била пријавена од вработена во продажен објект дека извршила кражба во гардероберот и на тројца вработени им одзела пари.
Таа била задржана во полициска станица и по документирање на случајот против неа ќе следува соодветен поднесок, информираа надлежните.
Црна хроника
Скопјанец нападнат од поранешната девојка на работното место
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје, 48-годишен скопјанец пријавил дека на своето работно место во канцеларија на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од неговата поранешна девојка Е.Н.Б.(45) од Скопје.
Девојката според полицијата употребила и тврд предмет.
Според надлежните, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Измамен скопјанец за сума од над 18 илјади денари
Во СВР Скопје вчера во 14.30 часот А.Ј.(41) од Скопје пријавил дека на 17.11.2024 на подрачјето на Гази Баба бил измамен од едно лице за сума од 18.500 денари.
Според пријавеното, лицето му се јавило телефонски и се претставило дека работи во Центарот за социјални работи и дека доколку пријавителот сакал да ги земе своите пари, кои не му биле подигнати од центарот, наредниот ден на 18.11.2024 требало да даде 18.500 денари за услугата.
Откако пријавителот ги предал парите на претходно договореното место на едно женско лице, по кратко време сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.