Црна хроника
Наполнил бензин и заминал без да плати

Еден тетовец, го натанкал резрвоарот со гориво, си зел три кутии цигари и заминал од бензинската „Лук оил“ без да плати, јави полицијата.
Имено, ноќеска, околу 3.10 часот, во Тетово на ул.„Видое Смилевски – Бато“ на бензинската пумпа „Лук-оил“ дошло возило „Алфа Ромео“ од кое излегло непознато лице и од вработениот Ј.Н. (36) од Тетово, побарало да му наточи бензин за 4.000 денари.
Потоа влегол во продавницата, зел три кутии цигари, излегол надвор и откако не платил за горивото заминал во непознат правец. Околу 4.10 часот на гореспоменатата улица, во близина на бензинската пумпа, од страна на полицијата било забележано неговото возило со тетовски регистерски ознаки и при обид да биде легитимирано лицето кое го управувало возилото, истото веднаш на висок тон почнало да ги омаловажува и навредува полицајците.
Тие го предупредиле за последиците од таквото негово однесување, но тој ги нападнал удирајќи ги со раце и нозе.
Тој е совладан и приведен во Полициската станица-Тетово, а станува збор за В.Д.(33) од Тетово против кого ќе биде поднесена соодветна пријава./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возило на 26-годишник оштетено од неколку проектили од огнено оружје: полицијата го расчистува случајот

Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Ш.Ј. од село Крушопек, општина Сарај, пријави дека на паркинг простор пред угостителски објект во село Лака, скопско, неговото паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од неколку проектили од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредена 29-годишна жена од Битолско по пад од трактор

Вчера во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од село Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
Црна хроника
14-годишник нападнат на трим-патека во Кисела Вода од повеќе малолетници

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 54-годишниот Д.Х. од Скопје пријави дека на 09.08.2025 околу 22:30 часот на трим патека на подрачје на Кисела Вода во Скопје, неговиот 14-годишен син, додека бил со неговиот брат и другарка, по претходна расправија, бил физички нападнат од повеќе малолетници, кои ги познава и кои носеле и метални предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот