Скопје
Ќе се гради нова амбуланта во Миладиновци

Општина Илинден почна со изградба на нова амбуланта во населено место Миладиновци, со што ќе се реши еден од поголемите проблеми на жителите на шест населени места во општината.
Амбулантата ќе се гради на местото на постојната којашто е во многу лоша состојба и не ги задоволува потребите на граѓаните.
Новата амбуланта ќе се простира на површина од 250 метри квадратни, а на пациентите ќе им бидат на располагање две ординации за општа медицина, стоматолошка ординација, просторија за патронажа (вакцинација), просторија за интервенција, лабараторија, аптека, чекална, како и тоалети за пациентите.
Со изградбата на новата амбуланта, проект што се реализира во соработка со Министерството за Здравство и Здравствен дом Скопје, ќе се овозможат квалитетни здравствени услуги за граѓаните не само од Миладиновци, туку и од населени места Бујковци, Мршевци, Бучинци, Текија и Дељадровци.
Постоечката амбулантата ќе биде во функција се до изградбата и предавањето во употреба на новата, по што постоечкиот објект ќе се отстрани заради партерно уредување.
Покрај амбулантата во Миладиновци, наскоро нов Здравствен дом ќе добијат и жителите на населба Илинден. Со изградбата на овој Здравствен дом на граѓаните ќе им се овозможи широк спектар на здравствени услуги во местото на живеење, со што повеќе не ќе мораат да патуваат по дваесеттина километри за да извршат одредени испитувања./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)