Црна хроника
Со реконструкција на масакрот кај Смилковци заврши истрагата за „Монструм“
Со реконструкција на петкратното убиство што се случи кај Смилковското езеро завршува истрагата за случајот „Монструм“.
Истражниот судија, обвинители и адвокат и сведоци во четврток беа на местото каде се случи масакрот за да се доразјасни злосторот и да се комплетира истрагата.Истражниот судија, Владимир Туфегџиќ изјави дека со денешната реконструкција се расчистиле многу битни прашања за овој случај.Тројца сведоци кои досега не побарале статус на заштитни, како и заштитниот сведок Е-1, кој бил маскиран, објаснувале што се случило на кобното место во април.Адвокатите имаа можност да им постават прашања на сведоците, а оваа можност ја искористил само еден од адвокатите, рече Туфегџиќ.„Адвокатите извршија увид и на транскриптите од предметот и никој немаше забелешки на законитоста и примедби за судот“ изјави истражниот судија доцна попладнево.Во текот на утрешниот ден истражниот судија ќе го предаде предметот до Јавното обвинителство.Во петок е последниот рок до кога Јавното обвинителство треба да поднесе обвинение против шестмината осомничени за масакрот, во спротивно обвинетите треба да бидат пуштени на слобода.На 12 април кај Смилковското езеро свирепо беа убиени четири млади момчиња и еден повозрасен маж. Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и неговиот брат Агим, се товарат дека се директни извршители на петкратното убиство, а Фејзи Азири и Рами Сејди се осомничени за помагање.Тројца од осомничените се во притвор, додека Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, се во бегство, а полицијата се сомнева дека избегале на Косово.Митко Солаков, адвокат на еден од осомничените за помагање во убиството, Рами Сејди, изјави дека присуствувал на денешната реконструкција на убиството, извршил увид во списите на предметот и дека е задоволен од досегашниот тек./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Таксист од Скопје побарал мобилен телефон од 26-годишник па му го украл и телефонот и чантата
На 01.02.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, Ф.Ј.(26) од Скопје пријави дека околу 03:00 часот на подрачјето на Центар, едно лице кое управувало такси возило му го побарало мобилниот телефон за да изврши разговор.
Откако момчето му го дало телефонот, таксистот му ја одзел и чантата во која имало документи и други предмети и со возилото го напуштил местото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен полицаец од Делчевско: возел без возачка дозвола, одземен е автомобилот
Денеска во 06:45 часот на булеварот „Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода 23-годишниот С.Д. од село Тработивиште, делчевско.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што е констатирано дека го управувал возилото без претходно да се стекне со право на управување возило, односно без возачка дозвола.
Запознаен е јавен обвинител, по чија насока возилото е одземено, а лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Автомобил излета од патот Прилеп – Македонски Брод: тешко повредени деца на возраст од седум и девет години
Вчера во 17:11 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп- Македонски Брод, патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од 36-годишната Д.М. од Прилеп, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници на возраст од седум и девет години, а со телесни повреди се здбил сопатникот И.М. од Прилеп, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

