Црна хроника
Чедоморство во кумановско Матејче – се породила во својот дом, бебето го фрлила во река
– фото илустрација
Девојка од кумановско Матејче се породила во својот дом, па потоа новороденчето го фрлила во река која течела зад нејзината куќа.
Девојка од кумановско Матејче се породила во својот дом, па потоа новороденчето го фрлила во река која течела зад нејзината куќа.
Како што соопшти полицијата, од гинеколошко одделение при Општа Болница Куманово е пријавено дека на нивното одделение со обилно крварење е донесена А.М. (19) од с.Матејче, Општина Липково. Од извршен преглед на лекар-гинеколог е утврдено дека истата се породила во период од 24 часа. А.М. која што веќе била во поодмината бременоста и за која не постојат податоци дека претходно била лекарски контролирана за бременоста, на 18.08.2016 година почнала да крвари, по што отишла во тоалет во нејзината куќа каде се породила. Истата го извадила бебето по што го фрлила во река што поминува зад нејзината куќа. Откако и се влошила состојбата нејзините родители ја пренеле во Општа болница во Куманово.Со настанот е запознаен Јавен Обвинител од ОЈО Куманово, по чија наредба од страна на лекар од судска медицина над А.М. ќе биде извршен гинеколошки преглед, а телото на бебето кое било пронајдено ќе биде предадено на судска медицина заради обдукција. Извршен е комплетен увид на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот. /крај/со/ст
Извор: МВР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш
Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Белград – Ниш, кај клучката Умчари, пишува српски „Курир“.
Несреќата се случила кога патничко возило „сеат“, со германски регистарски таблички, излетало од патот. Според неофицијални информации, возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитната ограда и сообраќаен знак, по што автомобилот завршил надвор од коловозот.
Надлежните органи продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на околностите под кои се случила несреќата.
Црна хроника
Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полицаец
Полициски службеници од СВР Велес ноќеска во 02.10 часот го лишиле од слобода 49-годишниот М.Н. од Велес откако при контрола на ул. „Благој Ѓорев“ утврдиле дека вози со 1,62 промили алкохол во крвта. Откако бил приведен нападнал полициски службеник.
Како што денеска информираат од СВР Велес, при сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал М.Н. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта. Тој бил приведен во полициска станица, каде физички нападнал полициски службеник. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297-а и 383 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, најавија од СВР Велес.
Црна хроника
Почина малолетник, со мопед удрил во бетонски столб
Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Денеска во ОВР Неготино е пријавено дека во 00:50 часот, во село Тимјаник, неготинско, мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од село Тимјаник, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино, соопштија од СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот малолетник било дадено на обдукција.

