Контакт

Надворешна политика

Иванов: Мигрантската криза е електро-шок за реанимација на рамнодушното европско срце

Објавено пред

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во четвртокот во Софија се обрати на конференцијата на 6-от Состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“, осврнувајќи се на мигрантската криза и состојбата која во моментов по ова прашање владее во Европа.
 

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во четвртокот во Софија се обрати на конференцијата на 6-от Состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“, осврнувајќи се на мигрантската криза и состојбата која во моментов по ова прашање владее во Европа.

 

„Живееме во време на прогонети и изгонети, на емигранти и бегалци. Сè повеќе луѓе се без корен и никаде не се чувствуваат како дома. Милиони го искусиле 20 век како живот во бегство. До пред една година, околу 60 милиони луѓе беа присилно раселени поради војни, конфликти и прогонства низ светот. Денес, тој број е уште поголем. Бегајќи од хаосот на пропаднатите држави и разорените општества, голем дел од нив се упатени кон Европа. Најголема потврда дека Европската унија навистина ја заслужи Нобеловата награда за мир се мигрантите и бегалците. За нив Европа е простор на мирот, безбедноста, стабилноста и доброто владеење, симбол за добар и просперитетен живот“, порача македонскиот претседател во својот говор.

„Низ историјата, ниту една човечка тврдина не успеала да ги спречи природните миграции на луѓето и идеите. Големиот кинески ѕид не го спречи продирањето на освојувачите во Кина. Римскиот лимес што се протегаше од Атлантикот до Црното Море не успеа да ги држи на дистанца северните европски народи. Средновековните тврдини што со векови ги одвојуваа феудалците од народот сега се туристички атракции. Колку и да беше обезбедувана, Железната завеса што ја делеше Европа не издржа ни половина век. Европа, за жал, не издржа ни 30 години без градење ѕидови. Физичките ѕидови што сега никнуваат низ Европа произлегуваат од менталните ѕидови – предрасудите, ксенофобијата и стравот од различноста. Како Европа да заборава дека демократијата не е само правото да се биде рамноправен, туку и правото да се биде различен“, додаде Иванов.

Македонскиот претседател се осврна и на односите помеѓу Европа и своето соседство.

„Првиот случај е поврзан со европското соседство. Ако Европа живееше според јудео-христијанските вредности и принципи на солидарност кон соседот, тогаш, во нејзиното соседство најверојатно немаше да има пропаднати држави и разорени општества.  Фокусирана на самата себе, Европа ја испушти историската можност да го трансформира своето соседство. Ја испушти можноста преку европската политика кон соседството, Источното партнерство, Евро-медитеранската унија и Барселонскиот процес на своите граници да создаде простор на мир, соработка, просперитет и демократија. Наместо тоа, денес го имаме спротивното – конфликти, анархија, назадување и враќање на диктатурата“, порача Иванов.

Според него, доколку Европа вистински живееше според јудео-христијанските вредности и принципи, вградени во трите аврамски религии, ќе беше солидарна кон мигрантите, а наместо солидарност кон децата од Блискиот Исток кои бегаат кон неа, Европа покажува себичност.

„Иако некои европски држави се поотворени кон мигрантите, повеќето држави бараат мигрантите да минуваат низ некои други рути и да се упатуваат кон некои други дестинации,“ истакна македонскиот претседател.

„Свесни сме дека мигрантската криза ги погодува сите страни. И земјите од каде потекнуваат, и земјите низ кои минуваат и земјите во кои се упатуваат мигрантите. Но, како Претседател на Република Македонија, ќе си земам за право да зборувам за предизвиците со кои се соочува мојата земја и мојот регион. Мигрантската криза ја потсети Унијата дека Балканот е европска артерија, клучен европски коридор што ја поврзува Европа со Блискиот Исток и Северна Африка. Ако Унијата навреме го интегрираше овој коридор, состојбата со мигрантите ќе беше поинаква. Шенген-границите ќе беа заштитени. Одговорноста на државите ќе беше поделена. Сега Балканскиот коридор и мигрантската криза го тестираат Шенген“, потенцираше Иванов во својот говор.

„Унијата дозволи Балканскиот коридор да стане лавиринт во кој се заглавија и мигрантите и земјите-кандидати за членство во Унијата. Сега и државите и мигрантите ги трпат последиците од овие пропусти на Унијата. А во тој лавиринт најлесно се снаоѓаат проблематичните категории како што се организираните криминални групи и нивните мрежи“, рече македонскиот претседател.

„Отсуството на солидарност се препознава и во самиот јавен дискурс кој, во моментов, изобилува со пасивни глаголи. Наместо да кажеме дека треба да им дадеме помош на мигрантите, ние велиме дека треба да им биде обезбедена финансиска помош. Наместо да повикаме сите општествени чинители да ги згрижат мигрантите, ние велиме дека треба да им биде обезбедено сместување. Наместо да кажеме дека луѓето треба да ги снабдат мигрантите со храна, вода, облека, ние велиме дека треба да им бидат обезбедени животните потреби“, додаде Иванов, порачувајќи дека сепак секоја криза е и можност, и дека „мигрантската криза е електро-шок за реанимација на стврднатото и рамнодушно европско срце, односно првата можност е враќање на солидарноста и ревитализација на етиката и на моралот“.

Реномираниот собир, на кој учествуваат актуелни и поранешни шефови на држави и влади од регионот, го отвори бугарскиот претседател г. Росен Плевнелиев. Тој побара од ЕУ одлучност и одговорност за бегалскиата криза, враќање на темелните вредности на почитување на човековите права и солидарност, како и обединетост во справувањето со причините, а на само решавање на последиците од кризата.

„Во тешки времиња само интеграцијата може да не спаси да преживееме. ЕУ треба да го препознае афинитетот кон евроинтеграциите од страна на балканските земји и да им помогне. Република Бугарија ги поддржува интеграциите на своите соседи кон евроатланстките структури, но интеграцијата не се дава во Брисел, таа се заслужува со силни реформи, добрососедстви и споделување на заеднишките вредности“, рече бугарскиот претседател Плевнелиев.

Kонференцијата во Софија, насловена „Нови визии на партнерство и соседство за Европа“, е организирана од Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ од Азербејџан и Фондацијата на поранешниот бугарски претседател Петар Стојанов, кој го отвори форумот./крај/мф/бс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Куновска по оставките во СДСМ:„Сите дома, тој останува“

Поранешната пратеничка и функционерка во СДСМ, Софија Куновска, на „Фејсбук“ објави критички статус откако вчера, на барање на партискиот лидер...

Македонија11 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Ние како мнозинство немаме од што да бегаме, ќе се расчистат сите прашања поврзани со трагедијата во Кочани

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, изјави дека во периодот кога државата ја воделе СДСМ и ДУИ се закажувале анкетни комисии,...

Македонија14 часа

(Видео) Филипче: Посебна анкетна комисија за трагедијата во Кочани, тоа е барање на родителите

Нашиот став е дека ние ќе ги поддржиме двете анкетни комисии. Едната којашто ја предлага владеачкото мнозинство каде сакаат да...

Македонија16 часа

(Фото) Поставени дигитални уреди за мерење бучава кај кафеаните во Дебар Маало

Општина Центар започна со имплементација на паметен систем за следење на бучавата, преку поставување на дигитални индикативни уреди на местата...

Македонија17 часа

Осигурителни компании склучиле картел и се договориле да ја зголемат цената за автомобилското осигурување

Десет осигурителни компании се казнети со 17.266.930 денари затоа што се договориле да ја зголемат цената за автомобилската одговорност што секој...

Македонија17 часа

„РКЕ да ја преземе во целост надлежноста во формирањето конечна цена на водата“, порака од тркалезната маса

РКЕ да ја преземе во целост надлежноста во формирањето конечна цена на водата – е пораката од тркалезната маса „Иницијатива...

Македонија18 часа

Засилени контроли на градилиштата во општина Аеродром: изречена глоба од 1.300 евра за непочитување на законот

Општина Аеродром изрече парична глоба од 1 000 евра за правно лице и 300 евра за управителот на истата фирма...

Топ18 часа

(Видео) Турканици и викање: уапсени три лица во Трново, не им дозволиле на полицајците да влезат на имотот

Полицијата уапси три лица од кривопаланечко кои попречувале полициски службеници и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство при извршување...

Свет18 часа

Висок функционер на НАТО: Путин блефира, не верувам дека е подготвен за војна со Европа

Висок функционер на НАТО верува дека рускиот претседател Владимир Путин блефира за својата подготвеност за војна против Европа. Зборувајќи со...

Македонија20 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Колку криминални шеми имаат издејствувано Заев, Филипче и Николовски, Обвинителството да отвори постапка

„Заев му помогнал со отпишување на жито за 800.000 евра, Љупчо Николовски возвратил со грант за „Мамас“ од 1,4 милиони...

Свет20 часа

НАТО ја зголемува поддршката за Украина: пристигнува нова резерва оружје и муниција

Министрите за надворешни работи на НАТО ќе се состанат денес во Брисел за да разговараат за понатамошна поддршка за Украина,...

Свет20 часа

(Видео) Трамп заспа на состанок на кабинетот откога се пофали со својата острина

На почетокот на состанокот на кабинетот во вторник, американскиот претседател Доналд Трамп не ја пропушти можноста повторно да го спомене...

Свет22 часа

Трамп: САД ќе тргнат по погрешен пат ако продолжиме да примаме ѓубре во нашата земја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сака сомалиски имигранти во САД, велејќи им да „се вратат од каде што...

Свет22 часа

„Ербас“ ги проверува авионите „А320“ поради проблеми со металните панели

Авионскиот гигант Ербас најави инспекција на неодреден број свои авиони откако беше откриен „проблем со квалитетот на добавувачот“ кај металните...

Свет22 часа

Трамп: Документите, наредбите или договорите потпишани од Бајден со „автопен“ се ништовни

Американскиот претседател Доналд Трамп ги прогласи за ништовни сите документи потпишани од администрацијата на Џо Бајден со помош на автоматски...

Свет22 часа

Трамп ги паузира сите апликации за имиграција од 19 земји

Американскиот претседател Доналд Трамп даде низа исклучително остри коментари за Сомалија и сомалиските мигранти, откако неговата администрација објави дека ги...

Свет22 часа

(Видео) Путин разговараше со човекот на Трамп пет часа: неговиот помошник даде значајна изјава

Разговорот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Стивен Виткоф, специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, траеше речиси пет часа,...

Свет1 ден

По пет часа заврши средбата меѓу Путин и Американците – продуктивно, но без компромис за мировниот план, според првичните реакции

Разговорот на рускиот претседател Владимир Путин со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп,...

Македонија1 ден

На предлог на Филипче, оставки поднесе раководството и сите членови на Извршниот одбор во СДСМ

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, на предлог на претседателот Венко Филипче, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските...

Македонија1 ден

Советот расправаше за труењето во „Димо Хаџи Димов“, Лукровски најави засилени хигиенски мерки во училиштата и инспекции

Советот на Општина Карпош заседаваше по четврти пат, при што советниците расправаа и полноправно одлучуваа по 10 точки кои се...