Спорт
„Волчицата“ петпати ги гризна пулените на Инзаги

Иако во 55 минута израмнија на 2-2 на „Олимпико“ во Рим, фудбалерите на Беневенто на чело со голгетерската италијанска легенда – Пипо Инзаги си одат со „петарда“ во мрежата. Рома предмалку со 5-2 славеше над новиот прволигаш, иако мечот не наговестуваше такво сценарио.
Беневенто го отвори резултатот, 0-1 со голот на Капрари во 5 минута.
„Волчицата“ се разбуди па најпрво Педро во 31 минута израмнува, а потоа Џеко во 35-та прави комплетен пресврт. До полувремето Рома постигна уште еден погодок преку Мхатаријан, но поради офсајд погодокот беше поништен.
Во вториот дел повторно гостино зема замав. Досуден беше пенал за Беневенто. Лападула не реализираше, но во продолжение на акцијата погоди за 2-2.
Оттука на теренот постоеше само еден тим – Рома.
Во 67 минута пенал за домаќинот, сигурен реализатор Верету.
Џеко со својот втор погодок во 78 носи предност од 4-2, а точка на мечот стави Перес во 89 минута. Босанецот изби сам на четвртото место на вечната листа на стрелци на Рома.
روما 5 × 2 بينفينتو | اهداف اللقاء – ALL GOALS
ــــــــــــــــــــــــــــــــــــــــــــ
Just Follow the Main Account @BASAMGOAL pic.twitter.com/w8tpYfWzQT— goalBG (@goal_bg) October 18, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Пешиќ: Ова е кошарка не е фудбал, нема да поднесам оставка

Српската кошаркарска репрезентација се врати во Белград, откако во саботата доживеа сензационална елиминација од Европското првенство. Финска ја победи Србија во осминафиналето со 92:86.
Српската јавност по елиминацијата бара оставка од селекторот Светислав Пешиќ, тој на новинарите на аеродромот „Никола Тесла“ им кажа дека нема намера да го направи тоа.
„Јас никогаш не поднесувам оставка. Зошто оставки? Дојдов тука да го средам она што требаше да се среди. По Олимписките игри, никој не сакаше, јас прифатив пред сè од одговорност кон играчите. Имаме таков договор до крајот на септември. Ќе седнеме, ќе разговараме, јас сум секогаш тука, достапен сум за секаков вид помош и ангажман. Ова не е фудбал туку кошарка, оставки не се даваат и нема причина да се прави тоа“, рече Пешиќ.
Фото/ Принтскрин
Спорт
(Видео) Катастрофа на Турција во Коња, прими шест гола од Шпанија

Најдобрите шпански фудбалери со стил ги започнаа квалификациите за Светското првенство во 2026 година. За само неколку дена, тие гостуваа двапати и остварија две победи со гол-разлика од 9:0.
По гостувањето во Софија на 4 септември и убедливата победа од 3:0 над Бугарија, шпанската репрезентација гостуваше во Коња и ја победија Турција со 6:0 (3:0).
Пред натпреварот, турските медиуми најавија спектакуларен дуел помеѓу двајца левоноги момци од Реал Мадрид и Барселона, Арда Гулер и Ламин Џамал, но на теренот играа само гостите.
Танцуваа на теренот избраниците на Луис де ла Фуенте. Играчот на Арсенал, Микел Мерино, се истакна со три гола. За Мерино ва е прв хет-трик во кариерата.
Покрај Мерино, Педри постигна два гола, првиот и шестиот гол, а Феран Торес ја затресе мрежата на Угурџан Чакир. Голманот на Турција, и покрај тоа што прими шест гола, беше еден од подобрите играчи во домашната селекција, предводена од Италијанецот Винченцо Монтела.
Единственото нешто што може да го загрижи селекторот на Шпанија е повредата на Нико Вилијамс, кој беше заменет од Феран Торес на крајот од првото полувреме.
Foto/ EPA
Спорт
Алкараз го освои Ју-ес опен и повторно е број 1 во светот

Карлос Алкараз е шампион на Отвореното првенство на САД. Во пресметката меѓу двајцата најдобри играчи во светот, Шпанецот го победи Јаник Синер со 6:2, 3:6, 6:1, 6:4 и го презеде првото место на АТП листата од Италијанецот. Ова е шеста Гренд Слем титула на Карлитос во неговата кариера.
Како и во претходната сезона, Италијанецот и Шпанецот ги поделија Гренд Слем турнирите меѓу себе. Алкараз ги освои Ролан Гарос и Отвореното првенство на САД, а Синер славеше на Отвореното првенство на Австралија и Вимблдон.
Финалето не донесе спектакуларно ниво на тенис, а Алкараз беше многу подобар играч, ако не се смета малиот пад во вториот сет.
Синер направи необични грешки за неговите стандарди и тоа го чинеше брејкови во раните фази од сетовите, а на крајот и одбраната на тронот.
Foto/ EPA