Спорт
Поцрвене по завршувањето на натпреварот – Игуаин му ја украде славата на Кркиќ
Гонзало Игуаин во преодниот рок го напушти Јувентус и се пресели во тимот на Дејвид Бекам, Интер Мајами. Аргентинецот во првите шест натпревари не ја оправдува инвестицијата.
На дебито, Игуаин глумеше ѕвезда, промаши пенал и влезе во вербална расправија со противничките фудбалери. Пред две недели против Њујорк Ред Бул постигна убав гол од слободен удар, а синоќа против Монтреал повторно ја покажа својата „темна“ страна.
Интер Мајами доживеаја пораз во Монтреал (2:1), во натпревар во кој, со гол и асистенција, блесна поранешната голема надеж на Барселона Бојан Кркиќ. Игуаин успеа да му ај украде славата на Кркиќ со црвениот картон кој го доби откако главниот судија го означи крајот на натпреварот.
Confirming Gonzalo Higuaín was shown a red card after the game vs. Montreal for verbal abuse against the ref. pic.twitter.com/wwMwtaQbnu
— Mauro Blas (@Mauroblasss) October 18, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
УЕФА потврди – 26 наместо 23 играчи на ЕУРО 2024
Репрезентациите кои ќе учествуваат на претстојното Европско првенство во Германија ќе имаат на располагање 26 играчи, потврди УЕФА.
Извршниот комитет на Европската фудбалска унија потврди дека е смнето правилото според кое селекторите на можеа да пријават 23 фудбалери.
Овој предлог беше поддржан претходно оваа година на состанокот на Националниот комитет за натпреварување на УЕФА.
Идејата за прв пат беше претставена на селекторскиот собир во Дизелдорф.
Оваа измена беше предложена поради згуснатиот распоред оваа сезона и ризикот од повреди.
Претставниците на Националниот натпреварувачки комитет во петокот и официјално го заверија сето она што беше претходно предложено, договорено и прифатено од мнозинството.
Европското првенство ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули во Германија.
Спорт
Клоп се жали на распоредот: Криминал е ова што ни го прават
Пренатрупаниот распоред на натпревари го натера менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, уште еднаш да проговори на оваа тема. Германецот кој си заминува од Ливерпул на крајот на сезоната застана во одбрана на своите играчи и рече дека само чека агенцијата за заштита на човековите права да интервенира во креирањето на распоредот.
„Распоредот е апсолутно луд. Не е нормално Ливерпул да игра натпревар во сабота во 12:30. Никогаш повеќе нема да ја гледам телевизијата ТНТ (го емитува овој натпревар). Мора да играме четврток, недела, среда и сабота во 12:30 часот ова што ни го прават е криминал“, изјави Клоп.
Ливерпул е тим со голем број навивачи ширум светот и затоа игра во посебни времиња, што е прилагодено на носителите на телевизиските права. Избраниците на Клоп доживеаја серија неуспеси, поради што речиси отпаднаа од трката за шампионската титула.
Спорт
Модриќ мора да се прифати два услови доколку сака да остане во Реал
Лука Модриќ има договор со Реал до крајот на сезоната и се уште не е познато каде ќе игра 38-годишниот играч за врска следната сезона. Желбата на Модриќ е да остане во Реал, но има голем број понуди од други клубови.
Капитенот на хрватската репрезентација го бараат Динамо, саудиски клубови, екипи од МЛС лигата, а се почесто се зборува и за интересот на Јувентус.
Карлос Карпио, новинар на „Марка“, откри дека Модриќ мора да прифати два услови доколку сака да остане во Реал. Мора да прифати да биде резерва и да прифати значително намалување на платата. Модриќ наводно заработува околу 20 милиони евра по сезона.
„Се сомневам дека ќе остане во Реал, но ако остане, тоа ќе биде со помала плата. Модриќ не прифати добро ниту една одлука на Анчелоти да биде резерва. Легендите никогаш не се послушни замени“, вели Карпио.
Модриќ сезонава забележа 40 настапи, два гола и шест асистенции. Хрватото во Реал пристигна во 2012 година од Тотенхем за 35 милиони евра.