Контакт

Манифестации

Коњаницата пречекана во Крушево, странци играа македонски ора

Објавено пред

Во Крушево во петокот вечерта пристигна коњаницата од цела Македонија.  Со огромен аплауз беа наградени членовите на „Илинденскиот марш“ за нивното повеќедневно патување за да пристигнат во Крушево и да им оддадат чест на илинденците.

dobivaj vesti na viber

 

 

Во името на крушевчани, пред Столбот на Крушевската Република, коњаницата беше поздравена и пречекана од градоначалникот на Општина Крушево Ѓорчи Дамчески.

 

По пречекот на коњаницата во Крушево се одржа еден несекојдневен настан. На Градскиот плоштад 50-тина гости од целиот свет заиграа и запеаа македонски ора и песни. Имено, веќе неколку години во „Крушево Етно-град“ доаѓаат вљубеници во македонскиот фолклор и за време на манифестацијата ги изучуваат нашите ора и песни. Германија, Франција, Холандија, Израел и Србија се само дел од земјите од каде доаѓаа поддржувачите на „Крушево Етно-град“. На самиот почеток гостите на својот мајчин јазик ги поздравија крушевчани и на сите македонски граѓани им го честитаа празникот „Илинден“. Странците се покажаа како одлични играорци, но силен  впечаток остави и нивната прекрасна изведба на песната „Море сокол пие“.

 

Вечерта заврши со општонародна веселба и големо заедничко македонско оро на Градскиот плоштад, со што свечено се означи крајот на седмата манифестација „Крушево Етно-град“, а веќе од сабота започнуваат Научно-културните средби „10 Дена Крушевска Република“.

 

На пладне делегација ќе ја посети спомен куќата на Смилевскиот конгрес и ќе положи цвеќе пред споменикот на Дамјан Груев. Во 18:00 часот од пред Столбот на Крушевската Република делегација ќе се упати кон Гумење каде ќе положи цвеќе во чест на илинденците, во 19:30 часот во споменикот „Илинден“ ќе се отвори изложбата „Никола Карев“ – патешествие низ документи“, од 20:00 часот ќе започне церемонијата на Свеченото отворање на НКС „10 Дена Крушевска Република“,а точно на полноќ ќе се случи импровизиран напад на градот. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор

Објавено пред

Полската вечер во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“ го носи концертот на гудачкото дуо Емануел и Емилија Салвадор.

dobivaj vesti na viber

За виолинистот Емануел Салвадор специјализираниот магазин „Страд“ пишува дека е еден од најдобрите виолинисти од неговата генерација. Студирал и на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Емануел Салвадор има снимено неколку албуми и реализирано успешни концертни турнеи во Југоисточна Азија, Кина, Јапонија и САД.

Емилија Гох Салвадор како уметник на виола има дипломирано со највисоки оценки на музичката академија „Јан Падеревски“ во Познан во класата на проф. Доминик Рутовски. Во 2008 година го основа гудачкиот оркестар „Балтик Неополис“.

Прикажи повеќе...

Култура

Утре, во Трпејца, почнува 12. издание на манифестацијата „На зајдисонце“

Објавено пред

Во организација на здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на Општина Охрид, од утре до 28 јули, 12. пат оваа туристичка населба и гостите ќе дишат во ритамот на новото издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.

dobivaj vesti na viber

Утре, четврток, на отворената сцена во Трпејца, од 20.30 часот, во името на покровителот, Општина Охрид, манифестацијата за отворена ќе ја прогласи заменик-градоначалникот Перчо Божиноски.

Приустните ќе може да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија, која се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама.
В петок во истиот термин публиката ќе може да се запознае со минатото на дел од околината на Трпејца. Младиот Петар Симоноски ќе прикаже видеопрезентација на тема: „Тврдина Осој од VI век“.

Викендот е резервиран за документарни филмови. В сабота навечер публиката ќе го гледа документарно-туристичкиот филм „Трпејца на дланка“, работен по сценарио на Милчо Јованоски.

Следната вечер од 20.30 часот публиката ќе се запознае со Љупчо Паункоски и неговиот документарен филм „Охридските пливачки легенди“.

Неделното утро е резервирано за традиционалната прошетка на домаќините и гостите по патеката Чоколско.

В понеделник, на 24 јули, во Трпејца ќе гостува бендот „3.0“ (три промили), а денот потоа е резервиран за традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.

Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.

В среда, на 26 јули, од 19.30 часот, посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе може да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.
Час подоцна, ќе следува интересната видеопрезентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.

Претпоследната вечер од културното лето во Трпејца е резервирана за драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид, под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.

На крајот од дванаесеттото издание на „Зајдисонцето“, охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.

Летото во свој стил со пародијата „Дојдете во Трпејца“ ќе го затворат познатата македонска актерка Марија Кондовска и угостителот Марјан Митрески-Мац.

Прикажи повеќе...

Култура

Заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп: „…Медеја“ е најдобра претстава

Објавено пред

Синоќа со врачувањето на наградата за претставата „Се викам Медеја“ (My Name is Medeja) на Народниот театар од Битола за најдобро уметничко остварување во целина заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Награда за најдобра режија доби Себастијан Хорват, за најдобра главна женска улога – Илина Чоревска, за најдобра музика – Драго Ивануша и за најдобар рекламен материјал – Сашо Илковски.

Скопскиот Драмски театар  и претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ освои 5 наградимеѓу кои и за главна машка улога за Дамјан Цветановски и за најдобра женска епизодна улога за Емилија Мицевска.

Наградени беа и Турскиот театар за претставата „Човек перница“, како и Прилепскиот театар за „Мистерија Буфо“ и на Театарот за деца и младинци, за „Роња, ќерката на ограбувачот“.

Наградата за современа сценска драматизација ја доби Лидија Митоска-Ѓоргиевска за „Мистерија Буфо“.

 Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“ во изведба на Турскиот театар од Скопје, копродукција со „Машина продакшн“ и „Пик продукција“. За истата претстава, за улогата на Микаил, актерот Дин Ибрахим ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога. Наградата за млада актерка ја доби Матеа Јанковска за Роња во „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци од Скопје.

Со свечената вечер со наградените на финалето на „Черондрински“ и со изведбата на „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски и Александар Поповски, на Српското народно позориште од Нови Сад, се спушти завесата на годинешниот МТФ „Војдан Чернодрински“, со најава за нова свежина и афирмација на македонската драма вгодина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Комисијата за историски прашања е алиби за моментно многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, вели Димитров

Комисијата за историски прашања со РСМ е еден вид алиби за моментно многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија,...

Свет4 часа

Турција сака безбеден премин за 200 цивили заробени во тунелите во Газа

Турција се обидува да обезбеди сигурен премин за околу 200 цивили заробени во тунелите во Газа, откако го олесни враќањето...

Свет4 часа

Сенатот постигна договор: заврши најдолгата блокада на буџетот во историјата на САД

Американските сенатори постигнаа привремен договор со кој ќе се стави крај на буџетската парализа што блокираше некои јавни услуги рекордни...

Европа5 часа

(Видео) Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека, за разлика од многу западни лидери, не се плаши од Доналд Трамп и ги...

Свет5 часа

(Видео) Супертајфун ги погоди Филипините: бројот на жртви расте, еден милион луѓе принудени да се евакуираат

Супертајфунот Фунг-вонг ги погоди Филипините вчера, при што загинаа две лица, а еден милион луѓе беа принудени да се евакуираат...

Европа5 часа

(Видео) Нов напад врз Крим: погоден важен руски складиштен објект за нафта

Украинските војници во неделата нападнаа руско складиште за нафта во близина на селото Гвардејское на окупираниот украински полуостров Крим, објави...

Европа5 часа

(Видео) Судир на возови во Словачка, десетици повредени

Два воза се судрија ноќеска во Словачка откако едниот се удрил во задниот дел на другиот, при што се повредени...

Македонија14 часа

Ѓорѓиевски: За два дена од Скопје се исчисти над четири и пол илјади тони отпад, скопјани имаат човек на кој може да се потпрат

Над четири и пол илјади тони отпад или четири до пет пати повеќе од секој вообичаен викенд што се собирало...

Топ15 часа

Пијан возач од Турција направи хаос во Аеродром

Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“...

Македонија17 часа

Ѓорѓиевски со предупредување до граѓаните, ќе се казнува секој што ќе фрла отпад

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека акцијата за чистење „72 часа“ се одвива одлично, со цел градот да...

Македонија19 часа

Таткото на едно од девојчињата загинати со „Пулс“ објави видео од нејзиното последно излегување од дома

Александар Наунов, таткото на трагично загинатата Надица, една од 63-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сподели видео...

Македонија22 часа

Јаневска: Следната година нема „прогледување низ прсти“ ако директорите не нарачаат учебници на време

Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да...

Македонија1 ден

„Супорт Кочани“ собра 11 милиони денари од донации за настраданите од „Пулс“, државата им наплати 1 милион денари данок

Околу 11 милиони денари се распоредени од заедничката сметка за донации од граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“. Од граѓанската иницијатива велат...

Македонија2 дена

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за ангелите“, упатувајќи порака до правосудните...

Топ2 дена

Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила, ја силувале во напуштен објект во Струга

Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од...

Топ2 дена

Остатоци од човечко тело најдени во кавадаречко Сопот

Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа...

Топ2 дена

Полицијата ги најде децата кои тепаа малолетник во Струмица и го снимаа за на Тик Ток

Случајот во кој четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на социјалната мрежа...

Македонија2 дена

Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во битолско, заработувале од мачење животни

Грчки државјанин сопственик на куче, пит бул, косовски државјанин сопственик на куче од расата американски стафорд, како и двајца македонски...

Свет2 дена

(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку...

Свет2 дена

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана. – Во текот на...