Црна хроника
Плаќаме паркинг за да ни ги крадат автомобилите?
Според податоците на МВР, расте бројот на кражби од автомобили на подрачјето на Скопје, при што во текот на 2009-та, споредбено со претходната година, бројот на кражбите пораснал за 6,3 отсто. Во првите шест месеци од 2010 година бројот на кражби изнесува 1.243
од Фросина ФаковаГраѓаните плаќаат огромни суми за паркинг, но никој не им ја гарантира безбедноста на нивниот автомобил. За да го паркираш својот автомобил во центарот на Скопје, со новото зонско паркирање треба да платиш 45 денари за два часа. Онаму каде што не важи зонското паркирање, паркинзите се движат околу 40 денари за три часа или 60 денари за влез во паркингот.Зонското паркирање се воведе и за станарите. Во зградите каде што има зонско паркирање, станарите годишно треба да платат околу 2.400 денари за паркинг пред својата зграда. Грабежите на автомобилите, според податоците на СВР Скопје, постојано растат, а ова го потврдува и искуството на граѓаните.„Автомобилот ми беше паркиран на паркингот спроти Воена болница. Мислам дека го заклучив возилото, кое се заклучува кодирано. Утрото вратата не беше обиена, но од автомобилот ми беше украдена кеса со облека и мобилен телефон кои сум ги заборавила претходната вечер. Се прашував дали сум заборавила да го заклучам автомобилот или пак некој ми го декодирал автомобилот“, вели Викторија К. од Скопје.Повеќето од граѓаните се согласуваат дека на секој паркинг треба да има физичко обезбедување, кое ќе ја гарантира безбедноста на автомобилите.„Штом плаќаме за паркинг, треба да има обезбедување. Јас сум од Кавадарци и кај нас паркирањето е бесплатно, но сметам дека тука би требало да има обезбедување. Досега ми се нема случено да ми украдат нешто од автомобил“, вели Борче Ставров.На паркинзите пред приватните фирми, паркинзите ги чува обезбедувањето на фирмата, но на јавните паркинзи обезбедување нема.МВР, Град Скопје и Градски паркинг се изјаснија како ненадлежни за поставување на обезбедување на градските паркинзи. Од Градски паркинг, велат дека претпријатието како организатор на паркирањето во градот не се задолжува како одговорно при евентуални кражби или штети на автомобилите кои се паркирани на јавните паркиралишта или јавните површини наменети за паркирање на кои се применува зонскиот систем на работа.Така стоело и на задната страна од талонот кој корисникот на услугата го добива при влез на паркиралиштето.„Организаторот на паркирањето нема обврска за чување на паркираното возило и не одговара за оштетување или крадење на возилото“ (член 22 од Одлуката)… „Со паркирање на возилото на јавното паркиралиште, се смета дека возачот односно сопственикот на возилото се согласил и ги прифатил условите за користење на јавното паркиралиште пропишани со оваа Одлука или од страна на организаторот на паркирањето“, пишува на талонот.Од таму објаснуваат дека Градски паркинг е јавно претпријатие формирано од Град Скопје, кое е непрофитабилно. Парите од паркинзите, велат, одат за тековни инвестиции, односно се вложувало во паркиралиштата.Ниту Град Скопје не е надлежен за овој проблем. Од таму велат дека, безбедноста е работа на МВР. Но за МВР, тоа не е нивна работа.„МВР нема никакви ингеренции околу обезбедувањето на паркинзите. Тоа може да биде приватно и јавно претпријатие“, велат од МВР.Бројот на кражбите во автомобилите расте, а начинот на кој се краде е се пософистициран. Арамиите најчесто крадат женски ташни, лаптопи или мобилни телефони. Кражбите најчесто се извршуваат со кршење на стаклото на автомобилот или со тврди предмети или шипки, а некогаш го користат и невниманието на возачите кои ги оставаат вратите незаклучени.Кражби се прават и со копирање на кодовите, ако се земе предвид дека крадците ја следат напредната технологија.Најзагрозени општини во Скопје се Бит-пазар, Карпош, Центар и Чаир. Одделението за превенција при СВР Скопје оваа недела започна кампањата “Јас го заклучив мојот автомобил,а вие?“.“Нашата цел е граѓаните да преземат мерки на самозаштита и да не станат жртви на кражби во моторни возила“, изјави Розелита Дојчиновска, самостоен инспектор од одделението за превенција при СВР Скопје.Полициските службеници во среда на паркингот спроти хотелот Холидеј Ин ги запираа возачите и им делеа сенки за сонце за автомобили со пораки за самозаштита.Една од пораките е “Не оставај вредни предмети во твојот автомобил“, “Заклучувај ги вратите и прозорците кога ќе го напуштиш автомобилот и за кратко“ и “Кражбите на твојот и на туѓиот автомобил пријави ги на 192“. Проектот ќе трае цело лето во сите општини низ Скопје, а финансиски е поддржан од мисијата на ОБСЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

