Црна хроника
Тежок вандалски чин во црквата во Долна Белица

Непознати вандали се изживувале врз црквата Св. Архангел Михаил во струшкото село Долна Белица, при што целосно го демолирале црковниот олтар, иконостасот, помошните простории и покривотна црквата
Според полицијата, чинот се случил во периодот од 5 до 25 април, годинава кога вандалите во тврд предмет насилно ја отвориле металната влезна врата на црквата, при што урнале и дел од бетонскиот ѕид.Потоа влегле во помошната просторија на црквата, каде што целосно го оштетиле инвентарот. Со истиот предмет ја урнале и вратата што води до главната црковна просторија по што целосно го демолирале иконостасот, црковниот олтар и ѕидовите.
Потоа се качиле на покривот и оштетиле дел од покривната конструкција, а на земја заедно со лимени делови од покривот го фрлиле и големиот метален крст кој бил поставен на покривот.Вкупната штета на верскиот објект се уште не е проценета, но се претпоставува дека ќе биде многу голема.
Екипи на СВР Охрид извршија увид на лице место и се превземаат сите мерки за да се фатат непознатите сторители, на овој вандалски чин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Уапсен битолчанецот кој со нож се закануваше на маж на “Широк сокак”

Денеска на ул. “Св.Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола.
Тој претходно, пред угостителски објект на ул. “Широк сокак” со остар предмет се заканувал кон 41-годишен државјанин на Австралија.
По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница, соопшти полицијата.
Црна хроника
Жена ограбена во Ѓорче Петров

Шеесет и петгодишна жена била ограбена во Ѓорче Петров.
Според информациите на МВР, вчера Г.Ј.(65) од Скопје пријавила дека околу 17.05 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице со употреба на сила и го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот
Црна хроника
Насилници уценувале девојче од Скопје – им дала 25.000 евра за да не го нападнат брат ѝ

Девојче од Скопје било уценувано од неколку соученици дека ако не им даде пари, ќе го нападнат нејзиниот брат кој има здравствени проблеми. На тој начин, девојчето од дома земало и им дало на насилниците 25.000 евра.
Според информациите на МВР, ноќеска во 00.30 часот во СВР Скопје, 52-годишник од Скопје пријавил дека неговата малолетна ќерка, ученичка во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, подолг период добивала закани од двајца соученици дека физички ќе го нападнат нејзиниот помал брат, кој е лице со здравствени проблеми, доколку не им даде пари.
Според пријавеното, таа била принудена и во повеќе наврати им давала пари, при што од домот одзела вкупно 25.000 евра.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.