Топ
Кондовец со возило удрил во полицаец и побегнал, нападнати биле и полицајците што го пронашле

Во вечерните часови на 20 октомври, на скопската улица Ѓорче Петров, автомобил „ауди“, управуван од А. А. (26) од село Кондово, не застанал на даден знак и удрил во полициски службеник, кој преземал службени дејства.
По преземените мерки од полицијата, А. А. бил пронајден.
Според пријавеното, потоа повеќе лица физички ги нападнале полициските службеници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Беџети најави проширување на Европскиот фронт и ги повика Влен и ВМРО-ДПМНЕ на предвремени избори

Координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт, Блерим Беџети најави проширување на коалицијата не само со политички партии туку и со поединци и невладиниот сектор.
Тој уште еднаш ги повика Влен и ВМРО-ДПМНЕ на предвремени избори. Обвини дека албанската дијаспора е исклучена од политичкиот живот, албанскиот јазик брутално се деградира, а повеќе од 78 институции го игнорираат законот за користење албански јазик.
Прашан за приклучување на Арбен Таравари кон коалицијата и проширување на Европскиот фронт, Беџети рече дека во моментов се прават анализи, а Европскиот фронт ќе се проширува не само со политички партии, туку и со поединци, со невладиниот сектор и со сите оние кои мислат дека Владата носи антиалбански одлуки и која, како што рече, во контуинитет ги деградира правата на Албанците.
Македонија
Мајка и нејзините три деца ќе бидат евакуирани од Тел Авив со лет до Грција, МНР апелира да не се патува на Блискиот Исток

Мајка и нејзините три деца утре ќе бидат евакуирани од Тел Авив и со авион пренесени до Атина, во рамки на организираните летови кои се користат за евакуација на странски државјани од Израел, соопшти македонското Министерство за надворешни работи.
Од Министерството информираат дека со тоа, вкупниот број на заинтересирани македонски државјани за евакуација од Израел изнесува 25, меѓутоа, не сите изразиле подготвеност тоа да го направат веднаш.
„Се очекува следните денови дополнителен број на наши државјани да добијат можност за евакуација од Израел“, велат од МНР.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку Амбасадата во Тел Авив, останува во постојана комуникација и целосно на располагање на македонските државјани сè до нивната безбедна евакуација.
Граѓаните можат да се обратат на следните СОС броеви:
📞 +389 75 273 732 / +389 75 268 736
или на дежурните телефони на Амбасадата во Тел Авив:
📞 +972 54 500 8566 / +972 54 967 054
Воедно, се апелира до сите граѓани да се воздржат од патувања во земјите од Блискиот Исток каде што безбедносната состојба е сериозно влошена.
Македонија
Топлотен бран во Македонија: од среда температури до 40 степени

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите. Особено топло се очекува од среда до петок кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 40°C, информира УХРМ.
Во петок попладне и во вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, а пад на температурата за неколку степени се очекува за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.