Спорт
„Не можевме да спиеме по преглупавиот старт на Пикфорд над Ван Дајк“

Холандскиот фудбалски репрезентативец Жоржињо Вајналдум остро го критикува голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, за невнимателниот старт против Вирџил ван Дајк по што стоперот подолг период ќе биде надвор од терените. Играчот од средниот ред на „црвените“ рече дека никој од соиграчите не спиел по Мерсисајд-дербито.
„Секако дека сме изнервирани. Тоа што Пикфорд го направи беше преглупаво. Не верувам дека сакаше да го повреди на начин на кој го повреди. Играчите на Евертон претеруваат кога играат против нас. Сите сакаат да победат во дербито, понекогаш малку и се претерува, но ова е премногу. И не е во прашање само тој старт, Ришарлисон безобразно го покоси Тијаго“, рече Вајналдум.
Холанѓанецот вели дека тоа што противниците го правеле не е во ред.
„Несреќи се случуваат, може и некој да е повреден, но тоа што тие го правеа е потполно неприфатливо. Уште потешко ни е што никој не е казнет“, објасни холандскиот фудбалер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
НБА шампион пристигна во Басконија

Гвинејскиот кошаркар Мамади Диаките потпиша двегодишен договор со Басконија.
Во НБА, тој играше за Милвоки, Оклахома, Кливленд, Сан Антонио и Њујорк. Стана НБА шампион со Милвоки Бакс во 2021 година.
Дијаките ја помина минатата сезона во Вели Санс, филијалата на феникс во развојната НБА лига. Имаше просек од 13,6 поени, 8,4 скока и 2,2 асистенции по натпревар.
Кошаркарите на Басконија ќе го пречекаат Олимпијакос во првото коло од Евролигата на 30 септември.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Едерсон сака да го напушти Манчестер сити

Бразилецот Едерсон по осум години е подготвен да го напушти Манчестер сити. Сериозен интерес за него покажа Галатасарај. Челниците на турскиот првак испратија понуда од 10 милиони евра, но Манчестер Сити сè уште не ја прифатил.
Англискиот шампион го држи турскиот клуб во неизвесност бидејќи бара поголема отштета, па затоа сè уште не е постигнат договор меѓу клубовите.
Од друга страна, Едерсон и Галатасарај целосно се согласиле, бразилскиот голман сака трансфер и е подготвен веднаш да ги заврши лекарските прегледи, тврди германскиот новинар Флоријан Плетенберг.
Едерсон е во клубот од Манчестер во последните осум години. Тој има 372 настапи,, со клубот освоил 18 трофеи.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Санчо ја одби Рома

Џејдон Санчо нема да ја продолжи кариерата во Рома, пишува „Скај Спортс“.
Италијанскиот клуб испрати понуда од 23,6 милиони евра за напаѓачот на Манчестер jунајтед, а Санчо во меѓувреме разговарал и со Римјаните. Сепак, тој одлучил дека сака да истражи други опции.
Како што објави „Скај Спортс“, одлуката не е поврзана со личните услови. Неколку клубови сè уште се заинтересирани за Санчо, меѓу кои се издвојува Борусија Дортмунд.