Спорт
Кој е најдобриот НБА -играч што не освоил шампионски прстен?
Има голем број одлични НБА-играчи кои во своите кариери не стигнале до најголемото одличие во лигата – шампионскиот прстен.
Полемики се воделе и се водат кој од овие играчи заслужил да стигне до подиумот. Еве кои се дваесетте играчи, кои според одредени критериуми би требало да се рамо до рамо со ѕвезди од калибарот на Мајкл Џордан, Коби Брајант, Леброн Џејмс…
1 – Карл Мелоун – беше дел од Јута Џез и во 1997 и 1998 губеше во финале од Чикаго Булс, а во финалето во 2004 „џезерите“ загубија од Детроит Пистонс;
2 – Чарлс Баркли – играше само едно финале, во 1993, но секогаш беше дел од најдобрите играчи во својата генерација;
3 – Џон Стоктон – со Јута, заедно со Мелоун, двапати (1997 и 1998) губеше од Булси на Џордан, Пипен;
4 – Ален Ајверсон – ѕвездените моменти ги помина во Филаделфија 76-ките;
5 – Патрик Јуинг – големиот центар на Орландо, Сиетл и Њујорк никс губеше во финалињата во 1994 и 1999 година;
6 – Дражен Петровиќ – еден од најдобрите од Европа кои некогаш играле во НБА. Во 1990 година загуби финале со Детроит Пистонс;
7 – Реџи Милер – еден од најдобрите шутери на сите времиња, со Индијана Пејсерс загуби во финалето во 2000 година од Лејкерси;
8 – Стив Неш – еден од најдобрите плејмејкери на својата генерација, имаше пех што Феникс Санс не беше доволно добар за да игра за титулата;
9 – Винс Картер – според многумина, најдобриот забивач на сите времиња, во НБА помина 22 сезони, 8 пати беше на олстар, но не стигна до прстенот;
10 – Џејмс Харден – сè уште е еден од најдобрите во НБА, активен е, останува да се види дали со Хјустон Рокетс ќе успее да се искачи на највисоката скала.
Во ова избрано друштво има место и за Шон Кемп, Пени Хардавеј, Доменик Вилкинс, Трејси Мегреди, Дикембе Мутомбо, Крис Пол, Крис Вебер, Кармело Ентони, Јао Минг и Расел Вестбрук.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Барселона се распрашува за Лирој Сане
Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, особено ако сака да донесе звучни имиња од други клубови.
Шпанските медиуми објавија дека Барселона веќе стапила во контакт со Баерн во врска со Лирој Сане.
28-годишен крилен напаѓач е под договор со Баерн и за следната сезона, а „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 70 милиони евра. Шпанските медиуми пишуваат и дека Барселона би можела да испрати еден од своите играчи во Баерн и со тоа да ја намали цената на германскиот репрезентативец.
Сане пристигна во Баерн во 2020 година од Манчестер Сити.
Спорт
Надал: Ако немам чувство дека можам да се натпреварувам тогаш нема да играм на РГ
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, по Мастерсот во Рим, ќе донесе одлука дали ќе настапи на вториот гренс слем во сезоната, Ролан Гарос.
Рафа моментално се наоѓа во Мадрид, каде во првото коло убедливо славеше во дуелот со 16-годишниот Американец Дарвин Бланш.
„Реален сум за тоа што се случува. Искрено, играв против играч кој направи многу грешки и ми ги олесни работите. Со најголема почит кон играчот кој има голема иднина, тој направи многу грешки и мечот траеше само еден час. Ова нема да ги смени моите размислувања за Ролан Гарос. Овде нема да донесам никаква одлука, по Мастерсот во Рим ќе ја донесам конечната одлука. Не зборувам за победите, туку за чувството дека можам да дадам се од себе и дека можам да се натпреварувам. Мислам дека ова е логично по се што направив во Париз“, изјави Надал.
Негов следен ривал ќе биде Алекс де Минор, кој го елиминира минатата недела во Барселона.
Спорт
Бруно Гимараеш има посебна клаузула во договорот која важи до 30 јуни
Играчот од средниот ред на Њукасл, Бруно Гимараеш е на мета на бројни клубови, а тој има посебна клаузула во договорот.
Како што откри трансфер-инсајдерот, Фабрицио Романо, од последната недела на мај до крајот на јуни, Гимараеш има откупна клаузула од 100 милиони фунти или 116 милиони евра.
Доколку Бразилецот се договори со некој клуб и тој клуб ја плати сумата, Њукасл ќе биде принуден да го пушти.
Во моментов не се знае дали некој клуб е подготвен да потроши толку пари, но веќе е познато дека ПСЖ покажува интерес за бразилскиот репрезентативец.
Прашање е само дали е реално еден ваков трансфер да се случи пред официјалниот почеток на летниот преоден рок.
Летниот преоден рок стартува на 1 јули.