Контакт

Вести

Ново тврдење дека САД во Авганистан ќе задржат поголем број војници

Објавено пред

Американската војска веројатно ќе задржи поголем контингент војници од предвиденото во Авганистан и во 2015 година, а американските единици ќе можат да им притекнат во помош на авганистанските безбедносни сили доколку се најдат во проблеми, пишува во вторникот AFP повикувајќи се на функционер во Пентагон, откако минатата сабота весникот The New York Times пишуваше дека американскиот претседател Барак Обама потпишал тајна наредба со којашто одобрува поширока борбена мисија во Авганистан следната година отколку што претходно беше планирано и ја продолжил за уште 12 месеци.
 

dobivaj vesti na viber

Американската војска веројатно ќе задржи поголем контингент војници од предвиденото во Авганистан и во 2015 година, а американските единици ќе можат да им притекнат во помош на авганистанските безбедносни сили доколку се најдат во проблеми, пишува во вторникот AFP повикувајќи се на функционер во Пентагон, откако минатата сабота весникот The New York Times пишуваше дека американскиот претседател Барак Обама потпишал тајна наредба со којашто одобрува поширока борбена мисија во Авганистан следната година отколку што претходно беше планирано и ја продолжил за уште 12 месеци.

 

Првично САД имаа намера да го намалат бројот на своите војници коишто ќе останат во Авганистан по 1-ви јануари 2015 година на 9.800 и коишто ќе имаат само советодавна и улога во увежбување на авганистанските безбедносни сили коишто треба да ја преземат целосно одговорноста за безбедноста во земјата, како и за заштита на американските цели. Меѓутоа, според неименувани извори на агенцијата од министерството за одбрана на САД, проценето е дека до крајот на зимата се потребни меѓу 400 и 700 војници повеќе. „Станува збор само за периодот на транзицијата“, додал соговорникот.

Овие промени во стратегијата се резултат на значителното доцнење во потпишувањето на билатералниот договор за безбедност меѓу Вашингтон и Кабул, кој им овозможува правна безбедност од прогон пред авганистанските судови на американските војници, поради одбивањето да го потпише на поранешниот авганистански претседател Хамид Карзаи, кои препушти тоа да го стори неговиот наследник. Тоа дополнително ги компликуваше договорот со земјите членки на НАТО за распоредување на нивните единици во Авганистан од почетокот на следната година.

Администрацијата на претседателот на САД Барак Обама повеќепати наведе дека борбената мисија на американските војници ќе заври кон крајот на оваа година, со повлекувањето на единиците на НАТО и дека на оние американски единици коишто ќе останат во земјата единствена задача ќе им биде обуката на авганистанската војска.

Вашингтон го ревидирал својот став минатата седмица за да им овозможи на своите војници да им даваат поддршка на Авганистанците во борбата против талибаните. Адмиралот Џон Кирби, портпаролот на Пентагон, изјави дека доколку талибаните ги загрозат американските и авганистанските единици, американската војска го задржува правот да дејствува онака како што смета дека е потребно.

Претходно The New York Times објави дека претседателот Обама потпишал тајна наредба со којашто одобрува поширока борбена мисија во Авганистан во 2015 година отколку што претходно беше планирано. Со оваа одлука им се осигурува на американските војници директна улога во борбите во Авганистан за најмалку уште една година, а американскиот претседател ја донел изминатите неколку седмици на состаноците со своите советници за национална безбедност.

Досега официјалниот став на Вашингтон беше дека борбените операции во Авганистан ќе престанат до крајот на 2014 година, како и дека 9.800 американски војници, со околу три илјади војници од Германија, Италија и други земји, коишто потоа ќе останат во земјата ќе спроведуваат само мисии на поддршка и оспособување на авганистанските безбедносни сили коишто од 1-ти јануари 2015 година треба да ја преземат целосната одговорноста за безбедноста во земјата.

Меѓутоа, според The New York Times, кој цитираше неименуван висок американски функционер, Обама неодамна ја потпишал наредбата со којашто им дозволува на единиците директно да се борат против талибаните и нивните исламистички сојузници во случај ним или на авганистанската влада да им се заканува опасност. Со таа наредба во мисиите е дозволена и воздушна поддршка, вклучително и употреба на борбени авиони, бомбардери и беспилотни летала.

Цивилните советници на американскиот претседател, пишува натаму весникот, се спротиставиле на таквата стратешка промена, но „воените функционери го добија она што го сакаа“, рекол цитираниот функционер.

Други соговорник, пак, нагласил дека повеќе нема да има редовни патроли насочени кон талибаните. Операциите нема повеќе да бидат насочени на талибаните „освен доколку тие не се закануваат на САД или на силите на меѓународната коалиција во Авганистан или директно ја помагаат Ал Каеда“, појаснил.

Оваа промена во стратегијата во Авганистан, според The New York Times, делумно е поврзана со брзото напредување на џихадистите од Исламската држава особено во Ирак, што предизвика критики на сметката на претседателот Обама дека ги повлекол американските единици од Ирак пред ирачката армија да биде навистина подготвена да се соочи со нападите на екстремните сунитски исламисти.

Новиот авганистански претседател Ашраф Гани изгледа дека е поотворен во однос на пошироката американска мисија отколку неговиот претходник Хамид Карзаи, па и тоа игра улога во промената на американската стратегија, смета весникот.

Во Авганистан во моментов има 27 илјади американски војници, додека во периодот кога воените дејствија кулминираа ги имаше повеќе од 100 илјади.

Весникот не прецизира дали одлуката на Обама ќе влијае и врз бројот на американските војници коишто ќе бидат во иднина распоредени во Авганистан./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија3 часа

Минималната плата ќе се зголеми во март за 1.500-2.000 денари, зголемување пред март ќе значи отпуштање работници, вели Дурмиши

Економско – социјалниот совет на денешната седница не се договори за зголемување на минималната плата барем на 500 евра, според...

Македонија3 часа

На аеродромот во Скопје откажани се осум лета, а еден е пренасочен

Авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје се стабилизира, реализирани се 27 лета, откажани се осум лета, а еден е пренасочен, соопшти...

Македонија4 часа

(Фото) Николоски: На автопатот Охрид – Кичево се вршат сложени инженерски зафати, кои првпат се користат во регионот

Првпат на автопатот Охрид-Кичево изведуваме сложени инженерски и градежни зафати и ова првпат се изведува во регионот, а се со...

Македонија5 часа

Мисајловски: Буџетот за одбрана за 2026 е 358 милиони евра, што е 8,4 проценти повеќе од годинава

Стабилно буџетирање, дополнителен стимул во процесот на модернизација и целосното почитување и унапредување на правата и обврските кон вработените, се...

Македонија5 часа

Мицкоски: Зголемувањето на минималната плата мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавците

Целта на Владата е да создаде посилна економија која отвора нови работни места и обезбедува достоинствен животен стандард за секој...

Македонија7 часа

Трамп менува 30 амбасадори, меѓу кои и Агелер

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп заменува 30 дипломати од кариера од амбасадорски и од други позиции во амбасадите, меѓу...

Македонија8 часа

Македонија трета во Европа по убиства на жени од партнер или член на семејство

Македонија се најде на третото место во Европа според стапката на убиства на жени извршени од партнер или член на...

Европа9 часа

(Видео) Руски генерал убиен во Москва

Руски генерал е убиен во експлозија во Москва, потврдија руските власти. Рускиот истражен комитет соопшти дека генерал-потполковник Фанил Сарваров е...

Топ9 часа

Американски државјанин истепал полицаец пред ноќен клуб во Градскиот парк: кај Американецот пронајдени поголемо количество оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, бидејќи по преземени...

Свет10 часа

(Видео) Сојузник на Трамп: Ако Путин го отфрли мировниот договор, мора да одиме до крај

Републиканскиот американски сенатор и сојузник на претседателот Доналд Трамп, Линдзи Греам, изјави дека Вашингтон треба драстично да го зголеми притисокот...

Европа11 часа

Батлер во Елисејската палата крадел садови и порцелан: сакал да ги продаде на интернет

Главниот послужувач задолжен за среброто во Елисејската палата е уапсен под сомнение за кражба на вредни садови и порцелан, а...

Свет11 часа

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го назначува гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник за Гренланд. „Џеф...

Македонија11 часа

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри...

Свет21 час

Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица...

Македонија1 ден

Доктор Беќаровски советува: Како да се заштитиме во денови на екстремно загадување

Во денови кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се енормно високи, а загадениот воздух станува сериозна закана...

Македонија1 ден

МВР апелира до возачите да внимаваат поради маглата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до сите учесници во сообраќајот крајно внимателно да ги управуваат своите возила...

Топ1 ден

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија1 ден

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија1 ден

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет1 ден

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...