Спорт
Серена: Платена сум помалку од што вредам затоа што сум црна!
Американската тенисерка Серена Вилијамс тврди дека никогаш немала статус на најдобра тенисерка во светот само поради бојата на кожата.
„Цел живот сум платена помалку од што вредам, никој не ме сакал и никој не верувал во мене, но никогаш не сум сакала да сум бела. Постарата сестра (Венус) повеќе им одговара на прифатените стандарди поради долгите нозе, поради ставата. На малите екрани никогаш во прв план не биле луѓе кои се градени како мене. Но, ова тело ми донесе кариера и победи“ вели помладата сестра Вилијамс.
Проценките се дека Серена Вилијамс е најбогатата тенисерка во историјата на овој спорт, „тешка“ околу 200 милиони долари. Од оваа сума, помалку од половината се средства кои доаѓаат од тениските турнири.
Серена со 93,5 милиони долари ја предводи Топ 5 листата според заработка од турнирите, во женска конкуренција.
Втора на таа листа е нејзината сестра, Венус со 41.9 милиони долари, трета е Марија Шарапова со 38.7 милиони, па следуваат Симона Халеп со 36.8 и Каролина Вознијацки со 35.2 милиони долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Милан и Јувентус ги разочараа навивачите
Без победник и без голови заврши 242. соочување на Милан и Јувентус. Великаните на италијанскиот фудбал, пред 80.000 гледачи на „Сан Сиро“ одиграа натпревар под сите стандарди.
Милан и Јувентус во дербито се појавија со јасна цел и план, да не загубат. Така на теренот ги поставија своите фудбалери Поло Фонсека и Тијаго Мота. Тренерите одиграа партија шах на теренот, буквално секој играч имаше јасна задача на теренот, поради што гледачите не видоа апсолутно ништо.
Јувентус го освои 25.бод во Серија А, колку што имаат со натпревар помалку Фиорентина, Аталанта и Лацио, бод повеќе има Наполи, а три бода повеќе Интер. Милан е седми со 19 бодови.
Спорт
(Видео) Два гола на Миовски во интервал од шест минути
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски блеска во малото каталонско дерби. На половина од првото полувреме, Џирона води против Еспањол со 3:0.
Тандемот Брајан Хил-Бојан Миовски го уништи Еспањол за само 22 минути.
Македонскиот репрезентативец му асиситраше на Хил во четвртата минута за првиот гол. Потоа Хил му се реваншира со две асистенции во 16. и 22.минута.
🇪🇸 Bijon Miovski GOAL vs Espanyol #Girona LaLiga #Espanyol pic.twitter.com/vwD9kjiU0j
— MUHAMMAD zohaib (@RealMzohaib) November 23, 2024
MIOVSKI EXTENDS GIRONA'S LEAD TO THREE…..
Follow for more goals and highlights 🔥 pic.twitter.com/nuKVKlyAvV
— Matchday Goals ⚽ (@MDay_goals) November 23, 2024
Ова се првите голови за Миовски во Примера, откако летово пристигна во Џирона од Абердин во трансфер вреден осум милиони евра.
Пред репрезентативната пауза Миовски постигна два гола за Џирона против Екстрамадура во Купот на Кралот.
Спорт
(Видео) Чоло со победа го прослави 700. меч на клупата на Атлетико и 300. победа во Примера
Атлетико Мадрид тешко, во последните 15 минути го скрши отпоот на Алавес и славеше со 2:1 во 13.коло во Примера. Тренерот на Атлетико, Диего Чоло Симеоне влезе во историјат на шпанскиот фудбал, 700. пат го водеше својот тим, ја забележа 300. победа во кариерата во Примера. Симеоне во 700 натпревари има 413 победи, 156 нерешени и 131 пораз. Неговиот тим постигна 1.168 гола, прими 577, а на 326 натпревари мрежата на Атлетико не се затресе.
Аткетико се мачеше да му обезбеди победа на својот тренер. Гостите го шокираа „Метрополитано“ во шестата минута. Бланко се обиде да нафрли, топката го погоди во раката Хави Галан, а пеналот во гол го претвори Гуриди.
Тоа беше се што направи играчите на Алавес пред голот на Јан Облак, кој немаше ниту една интервенција, а ударот на Гуриди беше единствениот упатен кон неговиот гол.
Од таа шеста минута до крајот се играше на половината на Алвес. Блескаше на голото на гостинскиот тим Сивера, кој на крајот имаше шест одбрани.
Атлетико најдобрата шанса во првиот дел ја имаше преки Лино кој ја погоди гредата. Потоа се редеа шансите на Коке, Љоренте, Ленле, Џулијано Симеоне.
Гостите имаа предност до 76.минута, кога Атлетико доби пенал. Реализатор беше Гризман. Десет минути подоцна, Сорлот во гол ја претвори асистенцијата на Де Пол и го комплетираше пресвртот.