Македонија
(Видео) Васев: Ново дефиле на Мицкоски за одбрана на криминалот, ВМРО-ДПМНЕ дејствува опасно по јавното здравје

Очајниот губитник Христијан Мицкоски продолжува со неодговорно, незрело однесување, опасно по јавното здравје и спротивно на интересите на граѓаните. Денеска безидејниот Мицкоски повторно ќе организира таканаречени протести кои се со единствена цел – спас на неговата фотелја во белиот дворец, изјави Стефан Васев од СДСМ.
Дефилето со луксузни автомобили, додаде тој, за одбрана на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе заврши во Штип.
„Поучени од претходните вакви таканаречени протести со автомобили, ги советуваме приврзаниците на Мицкоски, луксузните автомобили, тие на „М“ да ги остават овде, а потоа кон Штип да продолжат со стари автомобили. Токму така правеше нивниот ментор, криминалецот во бегство, Никола Груевски со мерцедесот од 600.000 евра кој го менуваше пред да влезе во некое населено место“, изјави Васев.
Тој додаде дека во време кога се соочуваме со есенскиот бран на коронавирусот, Мицкоски продолжува да се однесува незрело и да биде закана по јавното здравје.
„Во Собранието пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги опструираат измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, а надвор одржуваат јавни собири на кои редовно се прекршуваат мерките за заштита од КОВИД 19. Класично деструктивно дејствување на губитник Мицкоски. Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски. Оваа партија знае само да брани криминал и да се обидува да го поткопува здравствениот систем. За нив, личниот и партискиот интерес е далеку пред интересот и здравјето на граѓаните. Затоа губат три пати на избори, затоа се опозиција и затоа уште долго ќе останат таму“, изјави Васев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„На матурска прослава без автомобил, без конзумирање алкохол: МВР со апел за безбедни матурски прослави

Сообраќајната статистика покажува дека во деновите кога се организираат матурски прослави се зголемува бројот на сообраќајни незгоди. Голем дел од учесниците во сообраќајните несреќи се млади луѓе, матуранти, кои најчесто завршуваат со тешки телесни повреди, а не ретко и го губат својот живот, информираат од МВР.
Одговорноста, како што напоменуваат, за девијантното однесување на дел од матурантите во сообраќајот е првенствено кај младите, но и кај нивните родители.
„Не дозволувајте им на своите деца да одат на матурска прослава со автомобил. Грешките во сообраќајот може да бидат фатални. Затоа: „На матурска прослава без автомобил!“, „Без конзумирање алкохол!“, Без користење наркотични средства!“, „Без нарушување на јавниот ред и мир“, посочуваат од МВР.
Македонија
„Скандал: Филипче замина на одмор, од грчките плажи и од песочната палма од Дубаи пишува статуси за законот за Кочани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Каде е Венко Филипче? Дали е точно дека 5 дена Венко Филипче е надвор од државата? Тој од 10.05 2025 година ја напушта Македонија одејќи во Грција. Дали е точно дека тој всушност пишува фб статуси за жртвите од Кочани и лажно лее солзи за памфлетот од закон за Кочани од грчките плажи“, прашуваат ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали е точно дека потоа од солунскиот аеродром лета за Дубаи со златната виза?
Дали случајно е во Дубаи по бизнис заедно со Зоран Заев?
Јавноста заслужува одговори за тоа каде е Венко Филипче.
Срамно е што на неговата фејсбук страна објавува статуси за Кочани и се претставува за лажен заштитник, во исто време кога сета по песочните плажи и ужива во украдените пари.
СДС и Филипче се синоним за криминал, корупција и предавства“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Разочарувачка е одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да не го поддржат Законот за Кочани, велат од СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија изразува длабоко разочарување од одлуката на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери да не дозволат законот за финансиска поддршка на семејствата на загинатите и повредените од трагедијата во Кочани да се најде на дневен ред во Собранието.
Како што велат, станува збор за закон без политичка позадина.
„Со една единствена цел, да им помогнеме на семејствата што изгубија најмногу, што изгубија сѐ, да им помогнеме на повредените, на сопствените граѓани. Тоа е чин на елементарна човечност, одговорност и морал. ВМРО-ДПМНЕ требаше да покаже одговорност и зрелост а не да се држи само до политичкиот инает. Зад она што е добро треба заеднички да застанеме без било какви политички калкулации, искрено и добронамерно. Ова не е прашање на партиски разлики, ова е прашање на совест, човечност, солидарност и грижа за сопствените граѓани“.
За Кочани, додаваат од партијата, мора да има правда, одговорност но и силна поддршка и помош на оние на кои им е неопходна.
СДСМ, велат, од првиот ден по трагедијата се однесува со целосна почит, сочувство и одговорност за семејствата на загинатите и повредените.
„Го ставивме страдањето на нашите сограѓани над политиката. Ќе продолжиме да се бориме за вистински вредности, за помош и поддршка и ќе стоиме зад нашите граѓани“.