Македонија
Делегации на Владата положија цвеќе на споменикот на Гоце Делчев и на Спомен куќата нa Петар Поп Арсов
Денеска по повод одбележувањето на 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“, Владата на организираше положување на цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк Скопје, со владина делегација предводена од заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски и националниот координатор за воени и полициски ветерани, Стојанче Ангелов.
Друга делегација преводена од министерката за култура Ирена Стефоска и националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка Роберт Алаѓозовски положија цвеќе на Спомен куќата на Петар Поп Арсов во Богомила.
Во продолжение е изјавата на заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски:
„Токму тука пред споменикот на Гоце Делчев, апостолот на македонското револуционерно движење, им се поклонуваме на сите борци и ја чествуваме нивната жртва, истрајност и нескршлива волја за слобода, правда и сопствена државност.
Македонската револуционерна организација се наметна како движечка сила преку која се организираа сите прогресивни сили без разлика на идеолошката провиниенција. Без македонските револуционери е незамислив континуитетот на ослободителната борба, која на крајот резултираше во вековниот идеал на македонскиот народ, создавање на сопствена држава.
Понесени од вредностите на Илинденското востание и македонските партизани го зачува нивниот завет и во 1944 година го одржаа АСНОМ, нашиот втор Илинден удирајќи ги темелите на македонската државност.
А токму Гоце Делчев беше инспирација за борците од Првиот прилепски партизански одред кој го носеше неговото име и го кренаа востанието за народно ослободување.
Денес, Северна Македонија и нејзиниот мултикултурен карактер, не можат да бидат разбрани без да се има предвид историјата, мисијата и дејноста на македонската револуционерна организација, чии идеи за македонска држава беа остварени во 1944 година.
Затоа чествувањето на Гоце Делчев треба да не обединува, како што обединуваше неговото дело насекаде каде што дејствуваше.
Благодарам и нека ни е честит Денот на македонската револуционерна борба“, изјави заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме
„СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа. Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија. Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен“, велат од СДСМ.
„Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.
Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.
Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард. Нема откажување од иднината!“, соопшти СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.