Црна хроника
Повредени тројца во Општина Кисела Вода
Три лица се повредени, две од истрели од огнено оружје и едно со удар од тврд предмет утрово во 9.30 часот во зградата на Општина Кисела Вода, а полицијата има осомничен за пукањето (проширено)
Според информации од портпаролот на Општина Кисела Вода, Маријан Спасески, станува збор за општински простории кои ги користат приватни претпријатија. Во случајов, како што неофицијално дознава Форум, станува збор за нерасчистени должничко-доверителски односи.
Пукањето се случило во општинската зграда во бараката број 8, соба 10. Три лица, од кои две со огнено оружје и едно со тап предмет беа повредени во нападот што се случил во соба број осум во бараката 10 на општината Кисела Вода. Повредени се Ѓ.К. (52), П.В.(44) со огнено оружје, а Т.П. (52) со удар од тврд предмет. Тројцата се пренесени во Ургентниот центар од каде се уште немаат комплетна информација за нивната состојба, но првично велат дека некои од нив се здобиле со тешки телесни повреди. Полицијата се уште врши увид на лице место, како што изјави портпаролката на полицијата за Скопје, Лиза Бендевска, имаат осомничено лице, но истрагата е во тек.Во собата, каде што се случил нападот се наоѓа фирмата Латом – инг Скопје, а напаѓачот најверојатно е од фирмата Галатеа, која е сместена на неколку врати од собата 8. Според првичните сознанија причина за пукањето биле нерасчистени сметки, за кои се водел и судски спор. Двете лица повредени со огнено оружје биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје. Оттаму велат дека нивната здравствена состојба е стабилна. Едниот од повредените има рана на левото рамо и наскоро се очекува да биде пуштен на домашно лекување.Другиот има рана на вратот и моментално кај него се вршат испитувања, но неговата состојба е стабилна. Третото лице, што било повредено со тврд предмет, не било примено во Ургентниот центар..
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

