Црна хроника
Хакерски обид да се измамат Македонци
Непознати хакери денеска преку интернет се обидоа да измамат македонските граѓани со тоа што ја имитрале веб-страницата на една македонска банка и поставиле прашалник во кој треба да се остават податоци за банкарските сметки.
Се работи за електронска порака која била испратена на адреси на македоснки граѓани, а која содржи линк до друга веб-страница со прашалник со логото на ИК Банка. Прашилникот освен основните податоци за името и презимето на граѓанинот, потоа за банкарската сметка, има и поле во кое треба да се напише дури и пинот на електронската картичка од сметката. Хакерите ги наведувале граѓаните да ги остават своите податоците со тоа што во привичната пораката пишувале дека треба да си подигнат пари од Ик Банка што дошле на нивна сметка како повраток на ДДВ за претходната 2009 година. Пораката освен логото на ИК банка била целосно испишана на англиски јазик. Пораката пристигала и на мејлови на граѓани кои не се корисници на услугите на оваа банка.
Измамата ја откри вработен во Форум на кого му пристигнала ваква порака. По нашата пријава во Агенцијата за заштита на личните податоци и во полиција, на линкот со прашалинкот се јавува порака дека страницата е лажна и се работи за измама.
„Случајот е документиран во Одделот за комјпутесрки криминал при МВР и тие постапуваат по пријавата. Се обидуваат да откријат кој и како ги украл податоците од ИК Банка. Најбитно е што де сега нема пријавено никаква штета. Ни еден коминтент на ИК банка нема пријавено штета. МВР е во тесна соработка со ИК Банка околу мерките преземени за заштита на коминтентите“, вели портпаролот на МВР, Иво Котевски.
На поратлот на ИК Банка денеска до пладне беше поставено известување дека се случила таква злоупотреба на нивните податоци. Сепак, не сакаат да дадат официјална изјава за измамата во која цел на напад беше и банката. Од Ик банка не даваат ни информации дали имаат сознание кој го искористил нивното лого и кој после пријавата реагирал на веб-страницата.
Форум утврди дека страницата која првично се отвараше и е дел од хакерската измама е регистрирана на сервер во Канада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко
На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност.
Во 20:00 часот, според полицијата, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина жена од Злетово: ја прегазил „мерцедес“
Вчера во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

