Топ
Стејт департментот: Стапува во сила примирје во Нагорно-Карабах

Стејт департментот и владите на Ерменија и Азербејџан во заедничко соопштение наведоа дека стапува во сила хуманитарно примирје во судирот помеѓу Ереван и Баку за Нагорно-Карабах.
Соопштението следува по состанокот во петокот помеѓу американскиот државен секретар, Мајк Помпео, и министрите за надворешни работи на Ерменија и на Азербејџан. Во меѓувреме, групата од Минск на ОБСЕ наведе дека шефоовите на дипломатијата на Ерменија и на Азербејџан ќе имаат нова средба на 29 октомри.
„Во текот на интензивните разговори копретседателите и министрите за надворешни работи разгледуваа спроведување итен хуманитарен прекин на огнот, посебен начин на контрола на прекин на огнот и клучните елементи на сеопфатно решение“, се наведува во соопштението од групата од Минск.
Претходните две примирја, постигнати со посредство на Русија, не успеаја. Двете страни меѓусебно се обвинуваа за нивното прекршување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Земјотрес рано утринава ги разбуди граѓаните на Валандово и на околината

Утрово во 5:54 часот, земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го стресе регионот околу Валандово, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија го регистрирала потресот на неколку сеизмолошки станици ширум државата, при што е утврдено дека епицентарот се наоѓа во епицентралното подрачје Валандово, оддалечено околу 120 километри југоисточно од главниот град.
Според првичните информации од Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот бил почувствуван во Валандово и околните населени места со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала (EMS).
Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица, но локалното население на социјалните мрежи известува дека потресот бил „краток, но силен“, и ги разбудил во раните утрински часови.
Сеизмолозите продолжуваат да ја следат ситуацијата и ги повикуваат граѓаните на смиреност, посочувајќи дека ваквите потреси се честа појава во сеизмички активниот регион на југоисточна Македонија.
Регион
(Видео) Протестот заврши, хаосот почна! Еве што се случуваше откако студентите се повлекоа од белградските улици

Синоќа во Белград се одржа масовен протест во организација на студентите под слоганот „Се гледаме на Видовден“, на кој, според проценките, учествуваа десетици илјади граѓани.
MUP kaže da je na Slaviji 36.000 ljudi, a vi pogledajte snimak iz drona N1 i prosudite sami. pic.twitter.com/oidIEKlDJ7
— TV N1 Beograd (@n1srbija) June 28, 2025
Протестот помина мирно сè додека не беше прогласен крајот од страна на организаторите, по што студентите се повлекоа.
“Uništavaju sve čega se dohvate – Kosovo i Metohiju, vodu, zemlju, vazduh, univerzitet” – akademik Slobodan Vukosavić pic.twitter.com/zwn5JdqoTY
— TV N1 Beograd (@n1srbija) June 28, 2025
Ситуацијата ескалираше веднаш потоа, кога група маскирани лица влегоа во судир со припадниците на полицијата. Безбедносните сили употребија солзавец за да ги растераат присутните, а улиците останаа преполни со граѓани. Полицијата потоа започна со насилно растерување на толпата, што дополнително ја вжешти атмосферата во центарот на српската престолнина.
U Ulici Kneza Miloša došlo je do intervencije Policijske brigade koja je u jednom trenutku počela da potiskuje građane. Nakon potiskivanja, policija je počela jače da odguruje građane okupljene kod Londona, ljudi idu niz Ulicu kneza Miloša. Čuju se topovski uidari i upotrebljen… pic.twitter.com/GYbAOw4a48
— TV N1 Beograd (@n1srbija) June 28, 2025
23.40h žestoka intervencija u kralja aleksandra pic.twitter.com/yiirFEROuj
— zarko bogosavljevic (@zarkobns) June 28, 2025
Истовремено, пред зградата на Владата на Србија се одржа контра-настан во форма на „литературна вечер“, организиран од поддржувачите на власта.
Incidenti kod turske ambasade, bačeno je nekoliko topovskih udara i petardi, javlja naš reporter. pic.twitter.com/FGauiM6xIA
— TV N1 Beograd (@n1srbija) June 28, 2025
Протестите на студентите траат уште од ноември минатата година, кога на Железничката станица во Нови Сад се случи трагична несреќа во која животот го загубија 16 лица, меѓу кои и еден македонски професор.
Токму таа несреќа беше иницијална каписла за студентското движење кое со месеци бара отчетност, реформи и оставки.
Свет
Нова крвава ноќ во Газа, најмалку 56 загинати во израелските напади

Најмалку 56 лица се убиени во последниот бран израелски воздушни напади врз Појасот Газа што започнаа вчера изутрина, соопштија палестински медицински извори и припадници на цивилната заштита.
Според Министерството за здравство во Газа, најмалку 11 лица загинале во населбата Туфа, во близина на поранешна училишна зграда во градот Газа. Палестинската новинска агенција ВАФА јави дека меѓу жртвите има и деца.
Дополнително, службите за цивилна заштита објавија уште 45 загинати во други области, без прецизирани детали. Според истите извори, десетици луѓе се повредени, но точната бројка сè уште не е официјално потврдена.
Од израелската војска засега нема коментар за нападите и наводите за цивилни жртви.
Министерството за здравство во Газа претходно објави дека вкупно 81 лице било убиено во претходните 24 часа, вклучувајќи ги и жртвите од нападите извршени во петокот.
Со најновите жртви, вкупниот број на убиени Палестинци од почетокот на конфликтот надмина 56.400, покажуваат податоците од палестинските здравствени власти.