Црна хроника
Благајник во „УНИ Банка“ си присвоил пари од сметка
Педесет и тригодишен благајник во експозитурата на „УНИ Банка“ во Струмица си присвоил 2.000 швајцарски франци од сметка на лице од истиот град.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, благајникот Ј.С. во текот на септември 2010 година, откако лице од Струмица уплатило парични средства во износ од 3.000 швајцарски франци, пријавениот уплатата ја внел во системот и на лицето издал потврда за истото, а потоа уплатата ја сторнирал и внел друга уплата на износ од 1.000 швајцарски франци, додека останатиот износ го присвоил за себе.
Со цел да го прикрие ваквото работење, пријавениот изготвил фалсификувана потврда за уплата на износ од 1.000 швајцарски франци, ја заверил со печат и ја употребил како вистинита при раздолжување на касата. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена од скопско село измамена за 95.400 денари со лажно ветување за стан и вработување
54-годишна жена од скопско село пријавила дека била измамена за сума од 95.400 денари.
Според пријавеното, во текот на изминатата година таа во неколку наврати му исплатила пари на едно лице, кое ѝ ветувало дека ќе ѝ помогне да купи стан во Скопје и да ја вработи нејзината ќерка како цариник.
Како што било пријавено, по извесно време лицето престанало да одговара на нејзините телефонски повици, по што таа сфатила дека била измамена.
Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром
Тепачка се случила вчера во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром.
Според информациите од МВР, вчера во 17:00 часот во СВР Скопје, од Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје е пријавено дека околу 16:40 часот во авион кој слетал од Германија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Ф.(49) од Германија и 45-годишната Г.Ф. од Скопје од една страна и Ш.С.(38) од с.Лопате, кумановско, од друга страна.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
16-годишник со автомобил удрил во пешак во Скопје
Вчера околу 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Македонско- косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје, удрило во пешакот М.И.(57) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. По целосно дококументирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

