Црна хроника
Регистрирани два физички напади без повод во Тетово
Два физички напади без повод се случили синоќа во Тетово, соопшти локалната полиција, која во меѓувреме, приведе група разбојници кои вршеле тешки кражби низ градот.
Потешкиот инцидент се случил околу 21.00 часот во Клинички Центар Тетово, каде што биле нападнати Б.З.(18) и Б.М.(18). Додека оделе во посета кај мајката на едниот од нив, двајцата тетовци биле пресретнати од четири лица кои без повод и причина физички ги нападнале.Удирајќи ги со тупаници, разни предмети, метални боксирачи, напаѓачите им нанеле видливи повреди на нападнатите, а со камења го оштетиле возилото на Б.З. и прозорско стакло од ходникот на ортопедското одделение.Втората тепачка се сличил на паркинг во Тетово на улицата „Ѓорче Петров“, каде што С.Ј.(20) бил нападнат, откако претходно со неговите другари пишувал на паркирано возило.Истовремено СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ѓ.С.(25), А.М.(22), Д.Ф.(23), С.С.(21), Е.С.(20), С.П.(17), М.С.(29) и Ж.С.(31), сите од Тетово за сторени девет кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“. Во периодот од декември 2011 година до февруари 2012 година, на подрачјето на Тетово, пријавените со употреба на погоден предмет и при згодна прилика, од куќи, станови и канцеларии одзеле техничка стока, алат и пари, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 1.296.000 денари (21.000 евра). /крај/мвр/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.