Топ
(Видео) Пронајдени речиси 100 килограми хашиш во Охрид – пресечен меѓународен транспорт на дрога

Полицијата вчера пресече меѓународен транспорт на хашиш во количина од речиси 100 килограми. Уапсен е турски државјанин, кој дрогата требало од Македонија да ја пренесе во Турција.
Според информациите на МВР, вчера околу 12.20 часот, во непосредна близина на градските гробишта во Охрид, полициски службеници запреле комбе „ситроен“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ч. Б. (53), државјанин на Турција.
При извршен преглед на комбето, во задниот багажен простор пронајдени се три големи картонски кутии и една полиетиленска торба, во кои биле сместени 114 пакувања хашиш. Од страна на крим-техника извршена е обработка на возилото и подигнати се материјални докази, а Ч. Б. е приведен во СВР Охрид.
Од МВР соопштија дека Ч. Б. пред речиси две недели со авион пристигнал од Истанбул во Приштина, пa во Скопје имал средба со неколку лица за да го изврши транспортот на дрогата од нашата земја во Република Турција.
По комплетирање на целосната документација, против Ч. Б. ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Охрид, со цел определување мерка притвор. Покрај ова, во текот на вчерашниот ден извршени се претреси на подрачјето на Скопје, при што се лишени од слобода уште две лица и одземени се предмети за понатамошна постапка, а во консултација со јавен обвинител кривичната пријава ќе биде проширена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Патот Брезница – Македонски Брод целосно затворен поради пожар

Поради пожар, утрово целосно е затворен за сообраќај патниот правец од Брезница, преку Националниот парк Јасен, до Македонски Брод.
Според последниот извештај за состојбата со пожарите, до 7 часот, активен е само тој пожар, а гори мешана шума.
Под контрола е пожарот во Општина Кичево кај селата Челопеци и Миокази, а изгаснати се 14 пожари.
Македонија
23,7 отсто од младите во земјава ниту учат, ниту работат – „Хера“ со порака до кандидатите за градоначалници

Додека светот денес го слави 12 август -Меѓународниот ден на младите, младите луѓе во државата сè уште живеат во реалност исполнета со системски предизвици, ограничени можности и несигурна иднина, велат од Здружението Хера.
Оттука посочуваат на високото ниво на невработеност, неквалитетно образование, недостаток на младински пријателски здравствени услуги, па сè до слабата институционална поддршка и недостигот на безбедни јавни простори, корупција, ги принудуваат младите луѓе да бараат перспектива надвор од сопствената држава.
Според официјалните податоци, 23,7 отсто од младите на возраст од 15 до 29 години се NEET – ниту во образование, ниту во вработување, ниту во обука, што е далеку над европскиот просек и сериозен сигнал за системска негрижа за оваа генерација. Податоците од најновата Национална стратегија за млади 2023–2027 укажуваат дека младите во земјата се соочуваат со ограничен пристап до услуги, ниско ниво на учество во јавниот живот и недоверба во институциите – повеќе од две третини од младите, сметаат дека не се вклучени соодветно во процесот на донесување на одлуки и дури 70% од младите не се заинтересирани за политиката2. Студијата за социо-политичко учество на младите во Северна Македонија потврдува дека половина од младите (51,4 %) сметаат дека властите воопшто не се грижат за нивните потреби и проблеми, а само 1,1 % сметаат дека властите целосно се грижат за нивните потреби и проблеми. Три четвртини од младите (73,7 %) досега не биле вклучени или консултирани од локалните или националните институциите при носењето одлуки. Загрижува и фактот што 74,4 од младите не припаѓаат на ниту една организација или друга форма на организирање.
И покрај тоа што Законот за младинско учество и младински политики е во сила од 2020 година, неговата примена на локално ниво е минимална – само 19 општини имаат формирано локален младински совет, а локални стратегии за млади се усвоени само во 7 општини. Во меѓувреме, голем број млади се соочуваат со недостаток на јавни простори, културна изолација и отсуство на неформално образование и менторство.
Ситуацијата со менталното здравје е подеднакво алармантна – дури 64 отсто од девојчињата на 15-годишна возраст чувствуваат две или повеќе психосоматски тегоби еднаш неделно, а дури 53 проценти од истата група имаат депресивно расположение. Насилството исто така е во пораст, потребни се Програми за унапредување на менталното здравје на децата и младите.
„Во пресрет на претстојните локални избори, го користиме овој ден како повик до сите кандидати за градоначалници и советници изборните програми да ги подготват во консултација и дијалог директно со младите. Бараме конкретни чекори за подобрување на условите за живот на младите, не декларативна поддршка“, велат од Хера.
Здружението предлага воспоставување функционални младински совети во секоја општина со јасна надлежност и транспарентна постапка за избор, како и реално влијание врз локалните политики и буџети. Тие бараат воведување посебна буџетска ставка за младински политики и директно учество на младите во креирање и надгледување на трошењето.
Дополнително, Хера инсистира на обезбедување достапни, бесплатни и безбедни јавни простори и младински центри, особено во помалите и руралните средини, како и поддршка за младинско вработување преку локални програми, менторски хабови, иновациски центри и субвенции за млади претприемачи.
Здружението предлага и воведување локални служби за ментално здравје, со психолози, социјални работници и мобилни тимови достапни за младите, како и поттикнување соработка со младински организации за неформално образование и културни програми. Младите треба да бидат вклучени и во подготовката и реализацијата на сите локални развојни стратегии.
Се додава и дека заминувањето на младите од државата нема да се реши со кампањи и повици за патриотизам и раѓања на деца. Ќе се реши со конкретни, мерливи и долгорочни инвестиции во нивниот потенцијал и услови за живот.
Локалната власт е првата линија на контакт со младите во државата и токму таму треба да се започне со вистинските промени.
Ги повикуваат институциите, политичарите, медиумите и граѓанското општество да ја третираат младината не како маргинална група за отчет, туку како рамноправни партнери во носењето одлуки и креирањето на иднината.
Топ
Обид за убиство во Виница: маж избоден четири пати пред угостителски објект

Вечерта на 7 август, пред угостителски објект во Виница, мирното место се претвори во сцена на насилство кога Н.В. (32) од овој град, по вербална расправија, со нож нападна друг маж, Д.С., нанесувајќи му четири убодни рани.
По нападот, напаѓачот веднаш побегнал од местото на настанот.
Сепак, полициските службеници по обезбедувањето на оперативни сознанија синоќа во Кочани го приведоа, Н.В.
Надлежното јавно обвинителство е известено и се работи на целосно документирање на случајот.