Црна хроника
Запленети четири илјади рала патики
Покрај големото количество текстилни производи, македонските цариници ва два случаи запленија вкупно четири илјади рала патики од кинеско потекло наменети за косовскиот пазар
Царинската испостава на железничката станица Гевгелија во четвртокот и петокот во два контејнера пријавени за транзит низ Македонија за Косово, открила непријавени 2.520 рала патики и 580 женски чанти. Во петокот, пак, на Деве Баир, исто така за Косово возач на турски камион превезувал покрај другата стока и 1.360 рала патики со логото на „адидас“,„конверс“ и „рибок“, за кои цариниците се посомневале дека станува збор за фалсификат на трговски марки. Патиките како и другата стока со лога на заштитени трговски марки е запленета, соопштија од Царинската управа.Викендов се запленети и 360 парчиња разни текстилни производи, 250 детски хеланки, десет шофершајбни, 20 кујнски аспиратори, еден комплет швајцарски регистерски таблички, дваесетина делови за автомобили и околу педесетина штеки цигари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Внук ја пронашол починатата баба во Кисела Вода, и’ се слошило и паднала
Жена на 77-годишна возраст била пронајдена почината во својот дом на подрачјето на скопската општина Кисела Вода, соопшти МВР.
Случајот на 24 октомври околу 12:50 часот во СВР Скопје го пријавил нејзиниот внук, И.С.Т., кој ја пронашол својата баба Д.С. во куќата. Според пријавеното, ѝ се слошило и паднала, по што лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција за да се утврди причината за смртта.
Црна хроника
Млад скопјанец пријавен за обљуба врз малолетничка, делото го извршувал во повеќе наврати
Полицијата поднесе кривична пријава против 19-годишен жител на Скопје поради сомнение дека извршил обљуба врз малолетничка.
Како што информира МВР, делото било извршено во повеќе наврати, во периодот од октомври до декември 2024 година во Скопје.
Црна хроника
Работник нашол човечки коски кај студентскиот дом „Стив Наумов“ додека копал со багер
Работник од Пехчево пронашол коски кои наликувале на човечки при извршување ископ со багер во кругот на студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопската општина Гази Баба.
Како што соопшти МВР, пријавата била поднесена во текот на вчерашниот ден од 39-годишниот Г.Ј. од Пехчево, кој ги извршувал работите во близина на старите гробишта.
По насоки на јавен обвинител, пронајдените коски се подигнати и предадени на вештачење за да се утврди нивното потекло.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Фото: илустрација

