Контакт

Книги

Објавена книгата „Совети и раскази од Кекавмен“ од Јован Белчовски

Објавено пред

Друштвото за издавачка дејност Македоника литера од Скопје, неодамна ја објави книгата „Совети и раскази од Кекавмен“ од Јован Белчовски.

dobivaj vesti na viber

Во ова издание се објавени оригиналната верзија на книгата од византискиот период „Совети и раскази“ од Кекавмен и преводот на проф. д-р Јован Белчовски, кој како вовед приложува обемна студија во која пишува за тогашната општествено-политичка констелација, за авторот, за неговите користени извори, за содржината на ракописот на Кекавмен, како и за неговите истражувачи. Ова е прва презентација на ова познато дело на Кекавмен на македонски јазик.Книгата „Совети и раскази“, чиј автор е Кекавмен, е пишувана од 1075 до 1078 година, и претставува една вистинска слика на општествено-политичките и економските состојби во Византиската Империја во X и во XI век. Авторот пишува за многу области од животот – за состојбите во градовите, политичките и идејните борби меѓу странките, посебно помеѓу аристократијата од престолнината и провинциската воена класа – кои се во постојани конфликти. Кекавмен е насочен кон еден широк дијапазон од најразновидна животна проблематика: државата, битот, нормите, моралот и обичаите, семејните односи, правниот живот, службите, домаќинството, војните и востанијата, црквата и религијата, суеверијата и воопшто нивото на културата во епохата. Кон сите тие животни области авторот има свои погледи и дава свој суд. Животот во семејството е прикажан во сите негови нијанси и сегменти. Самиот полковник и внук на полковници, Кекавмен имал големо познавање за воената проблематика, за составот на армијата, начинот на војување, одбраната на крепостите, опремата и вооружувањето на војската, опсадните орудија итн. Тој пишува и за многу значајни настани поврзани и со владеењето на цар Самоил на македонската територија.Ракописот бил напишан во Трапезунт – најјужните брегови на Црното Море. Оттаму бил однесен во манастирот Ивирон на Св. Гора и таму го пронашол рускиот учен Арсениј Суханов. Тој го однесол во Москва и денес се наоѓа во Патријаршиската библиотека. Тоа е единствениот познат сочуван ракопис, а претставува прв или втор препис од оригиналот.Делото на Кекавмен – „Совети и Раскази“, во ништо не заостанува зад трудовите на неговите современици од престолнината: Јован Скилица, неговиот продолжувач – Кедрин, Јова Зонара, Михаил Аталијат, Михаил Псел и др. Тој живеел, работел и творел во провинција, па неговото дело не било експонирано, но затоа, Кекавмен детално го прикажува животот во провинцијата. Затоа се смета дека неговото дело најдобро го расветлува животот во балканските провинции во X и XI век. Меѓу провинциската буржоазија, книжевното дело Кекавмен го има приматот, но тој и престолнината ја прикажува со сите нејзини противречности и слабости.Со трудот на Кекавмен, се занимавале доста византолози, како што се: Василевски, Лемер, Литаврин, Ернштет, Н. Бенеску, Баклер, Е. Франчес, Е. Шилбах, Јапонецот Кин-ичи Ватанабе, советските ерменисти Р. М. Бартикијан и К. Н. Јузбашјан и други. Од проучувањата на овие хроничари на епохата, како и критичките осврти што ги даваат за нив современите византолози, се добива многу јасна, кристална и комплексна слика за животот и состојбите на балканските простори во X и XI век./крај/со/бб

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија45 минути

Од шумскиот пат кон езерото, се води жестока битка за да се спречи ширењето на пожарот кај Јасен

Пожарот кај Јасен и натаму се заканува, откако во текот на ноќта започнал да се шири од шумскиот пат пред...

Македонија1 час

Антикорупциска брои службени возила пред изборите – институциите не ги пријавиле сите во рокот

Во Регистарот на возила на државни органи, органи на локалната самоуправа, јавни претпријатија и други правни лица со државен капитал...

Свет2 часа

Лавров: Ни Крим ни Донбас никогаш не биле наша цел

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, тврди дека Русија никогаш немала намера да ги заземе украинските територии, туку единствено...

Свет3 часа

Што би значел пакт „сличен на Член 5“ за Украина?

Безбедносните гаранции за Киев се клучно прашање во напорите да се прекинат борбите во текот на тековната руска инвазија врз...

Свет3 часа

Шефот на дипломатијата на Трамп ќе ја води работната група за безбедносни гаранции за Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе ја води работната група која ќе изработи предлог за безбедносни гаранции за Украина, потврди...

Свет15 часа

Каја Калас: На Путин не може да му се верува

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изјави дека Европската Унија ќе продолжи да ја таргетира воената економија на Русија и...

Македонија16 часа

Поради пожарот кај Јасен, затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Свет18 часа

Швајцарија му нуди имунитет на Путин ако дојде на мировна конференција

Швајцарија ќе му понуди имунитет на рускиот претседател Владимир Путин, и покрај неговото обвинение во Меѓународниот кривичен суд, под услов...

Македонија19 часа

Скопје, Јегуновце, Тетово, Гостивар и Кичево ќе ги поврзува модерна пруга – Владата почнува со подготвки, ЕУ поддржува со 5,3 милиони евра

Владата донесе одлука за започнување на подготовки за целосна реконструкција, модернизација и електрификација на железничката линија од Скопје до Кичево...

Македонија19 часа

Одложени рочишта во Кривичниот суд поради неспроведување на притвореници – Утковски: Затворот има недостиг на возила и кадар

Во изминатите два дена, речиси сите насрочени рочишта во Основниот кривичен суд Скопје биле одложени, со навремена достава на покани...

Топ21 час

МВР со детали за смртоносната несреќа кај Ресен: двајца загинати, едниот 20-годишен

Две лица загинаа, третото е тешко повредено. Ваков е трагичниот биланс од смртоносната сообраќајна несреќа што се случи вчера на...

Македонија21 час

На непристапен терен со силен оган, надлежните се борат од воздух – леталата ја формираат линијата на пресек кај Јасен

Шумскиот пожар во непристапниот терен кај Јасен е повторно активиран, а слабиот дожд не беше доволен за негово сопирање. Директорот...

Свет22 часа

Лавров: Трамп и неговиот тим сакаат да постигнат долгорочен и сигурен резултат

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го пофали Доналд Трамп за желбата за траен мир во Украина, а ги...

Свет23 часа

Зеленски: Веќе работиме на специфичната содржина за безбедносните гаранции

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека почнале подготовките за средба меѓу рускиот и украинскиот претседател, Владимир Путин и Володимир Зеленски....

Македонија23 часа

Државниот завод за ревизија: Отсуство на кадар и процедури го загрозуваат квалитетот на податоците во Централниот регистер на населението

Државниот завод за ревизија спроведе проверка на информациските системи со фокус на усогласеноста на процедурите за безбедност на податоците од...

Топ1 ден

(Фото) Во два одвоени случаја уапсени три лица во Кочани и Кочанско, пронајдена дрога

Вчера во 15:40 часот во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Кочани го лишиле од слобода 22-годишниот Б.Д....

Свет1 ден

Макрон по состанокот: Трамп верува во договорот, јас не верувам во Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази претпазливост во врска со средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет1 ден

Белата куќа објави фотографија: Трамп разговара по телефон со Путин

Американскиот претседател синоќа го повика Путин по средбите со Зеленски и европските лидери. „На крајот од средбите, го повикав претседателот...

Свет1 ден

Шефот на НАТО: Испраќањето војници во Украина не е дискутирано

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека за време на разговорите во Белата куќа, воопшто немало дискусија за испраќање...

Свет1 ден

Германскиот канцелар: Договорено е Путин и Зеленски да се сретнат во рок од две недели

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се огласи кратко по завршувањето на разговорите во Белата куќа со Доналд Трамп. Мерц рече дека...