Економија
(Видео) Осум општини потпишаа грантови за развој на социјални услуги

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска во Клубот на пратениците, заедно со градоначалниците на осум општини, потпиша договори за грантови за развој на социјални услуги.
„Владата и Министерството за труд и социјална политика заедно со општините и невладиниот сектор се вклучуваат во имплементација на социјалната реформа со една и единствена цел – услугите да ги доближиме до корисниците, односно да ги добиваат од своето место на живеење. Но, ова дополнително значи и отворање нови работни места преку платена работа за давателите на овие услуги“, истакна Шахпаска.
Таа посочи дека ова претставува нов концепт на работа преку воспоставување нова методологија на финансирање на социјалните услуги, проект што се работи заедно со поддршка на Светската банка, во времетраење од 5 години во вредност од 10,8 милиони евра.
Договори за грантови за развој на социјални услуги денеска потпишаа општините: Карпош, Берово, Чаир, Липково, Демир Капија, Ново Село, Василево и Кисела Вода. На ова претходеше јавен повик од страна на Министерството за труд и социјална политика, на кој аплицираа повеќе општини, 24 од нив ги исполнија условите, а со денешното потпишување на првите осум општини почнува овој процес на соработка.
„Квалитетни социјални услуги и достапност на граѓаните до нив е целта на овој проект. Зборуваме за помош на старите лица во нивниот дом, помош и нега во домот на лица со попреченост, отворање дневни центри за стари лица и лица со попреченост и поддржано живеење. За нас секој граѓанин е важен – ранливите категории граѓани, старите лица, лицата со попреченост, но и секој граѓанин кому му е потребна поддршка“, порача Шахпаска.
Министерката информира дека оние општини што не успеаја да аплицираат оваа година ќе ја имаат таа можност тоа да го направат в година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Од бесплатни услуги до премиум-привилегии, сè во една банка

Без разлика дали сте примател на плата, пензија или млад корисник на HalkЕz пакетот, да се биде клиент на Халкбанк значи можност, секојдневно да добивате повеќе.
Повеќе слобода, повеќе удобност, повеќе безбедност и пристап до услуги кои ви го олеснуваат животот, а притоа штедите време и пари.
Халкбанк за своите клиенти, приматели на плата/пензија овозможува бројни услуги кои се целосно бесплатни, како на пример подигнување готовина без провизија од сите банкомати, на сите банки, во земјата, со Mastercard дебитната картичка.
За младите до 24 години, HalkEz пакетот значи почеток на финансиска независност со поддршка, со бесплатно одржување на платежна сметка, бесплатно електронско и мобилно банкарство, Visa PayWave дебитна платежна картичка – без надоместок за годишна членарина со која можете да повлекувате готовина без надоместок од сите банкомати во земјата и странство.
За пензионерите, Халкбанк обезбедува сигурност и лесни пензионерски денови, преку редовна и навремена исплата на пензијата пред секој 1ви во месецот, како и преку овозможување на бесплатни услуги кои се дел од специјалниот Пакет за пензионери. Пензионерите добиваат бесплатна MasterCard дебитна картичка со која можат да подигнуваат готовина од сите банкомати, на сите банки во земјата без провизија, а дополнително и бесплатно електронско банкарство и бесплатна мобилна апликација. Интерните налози на шалтерите на банката се без провизија. За секоја направена трансакција, пензиониерите добиваат и бесплатни СМС известувања.
За оние што што бараат нешто повеќе, тука се Премиум картичките на банката. Во премиум програмата, Mastercard World Debit, Mastercard World Credit, Visa Platinum и Visa Gold на Халкбанк носат едно поразлично ниво на искуство.
Со дебитната премиум картичка Visa Platinum следува бесплатно подигање на готовина во странство, бесплатно електронското банкарство и СМС инфо, како и 2 бесплатни посети на LoungeKey и Fast Track услугата, додека со Mastercard World Debit добивате бесплатно годишен пристап од 6 влеза до аеродромските LoungeKey салони, како и Асистенција на пат – пакет Европа. Со Мastercard World Credit овозможен е бесплатен пристап до Lounge Key салоните за над 1400 аеродроми во светот, кадешто ќе најдете сè што ви е потребно за мирен старт на патувањето, удобни места за седење, бесплатни освежувања и пијалоци, Wi-Fi, електрични приклучоци, весници и она најважното, мир.
Со Visa Gold премиум картичката, корисниците покрај можноста за пристап до висок кредитен лимит и полиса за осигурување од незгода може да уживаат во привилегијата на бесплатна Fast Track услуга на аеродромот во Скопје, која овозможува побрзо завршување на административните формалности во делот за полетување, а кои вклучуваат пасошка контрола и безбедносна проверка.
Преку кредитната картичка Visa Travel се добива пристап и до иновативните ORYX услуги, кои нудат поддршка на пат (ORYX на пат) во случај на незгода или потреба од влечна служба и Drive Angel мобилна апликација која ги предупредува возачите на небезбедно возење, овозможува итни повици и повици во случај на несреќа и многу повеќе.
Како приматели на плата и корисници на Халк Смарт пакетот, за само 150 денари месечен трошок, добивате дебитна картичка со можност за повлекување готовина од сите банкомати, на сите банки во земјата без провизија, без годишна членарина и без трошок за редовно реиздавање. Во рамки на пакетот е вклучено и електронско т.е. мобилно банкарство, без никакви дополнителни трошоци за месечно одржување, како и со неограничен број на бесплатни електронски, интерни или меѓубанкарски, налози ПП30 и ПП50. Со пакетот добивате и бесплатни СМС известувања за сите извршени трансакции. Како дополнителна вредност за корисниците на пакетот, вклучен е и подарок ORYХ Home Аssistance – поддршка за поправки во домот, без надомест.
Со Халкбанк, добивате многу повеќе од обична банкарска услуга, добивате партнер кој е тука за вас во секој чекор. Со транспарентни услуги, практични решенија и постојана грижа за клиентите, Халкбанк е ваш доверлив финансиски партнер.
(ПР)
Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на матни тендери во енергетиката, СДС да се помири дека државата оди напред

ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на прес-конференцијата на Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.
„Заврши времето на матни тендери во енергетиката, СДС да се помири дека државата оди напред.
Ветерниот парк во Штип, Карбинци и Радовиш е најголема енергетска инвестиција од осамостојувањето до денес. 500 милиони долари ќе влезат во државата, а СДД наместо да се радува лее солзи.
Многу скоро од денес, Македонија од увозник на струја, ќе стане извозник.
Владата ја обезбедува енергетската сигурност на државата.
Иднината во Македонија ќе биде сигурна, сите ќе живееме во држава која ги има сите придобивки на 21-от век. А, СДС слободно може да останат со реториката во минатиот век, народот тоа го гледа и ќе ги избрише на следните избори“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Економија
(Видео) Илиевски: Има ли „Алказар Енерџи“одобрение за градба или не, каков е бизнис интересот на Божиновска и Мицкоски?

Владата на ВМРO-ДПМНЕ прави класична распродажба на националните ресурси од македонската енергетика, кажа денеска на прес-конференција, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.
„Иако Владата го претставува ветерниот парк на „Алказар“ како историска инвестиција – фактите говорат нешто сосема поинаку. Моделот на „Алказар Енерџи“ е јасен: развиј, изгради и продади. Токму тоа се случи со нивниот прв фонд – проектите развиени на Блискиот Исток беа продадени 100% на кинески државен конзорциум“, вели Илиевски.
Според него, „прашањето не е дали ветерниот парк ќе биде продаден, туку кога и на кого“.
„Кој е вистинскиот бизнис интерес на Мицкоски? Дали тука се вклучени и контроверзни имиња од регионот, добро познати од трговијата со струја? Дали со нив соработувал тандемот Мицкоски – Божиновска? Пред една година од ВМОР-ДПМНЕ тврдеа дека паркот ќе обезбеди струја за 100.000 граѓани. Сега Мицкоски смени лента, од собраниска говорница најавува дека странска компанија ќе ја откупува струјата. Па, кого навистина ќе снабдува овој проект – народот или приватниот купувач? Зошто бизнис модел кој се темели на продажба се претставува како долгорочно стратешко партнерство?“ истакна меѓудругото потпретседателот на СДСМ, Илиевски.
На прес-конференцијата регираше ВМРО-ДПМНЕ.
„Заврши времето на матни тендери во енергетиката, СДС да се помири дека државата оди напред. Ветерниот парк во Штип, Карбинци и Радовиш е најголема енергетска инвестиција од осамостојувањето до денес. 500 милиони долари ќе влезат во државата, а СДД наместо да се радува лее солзи. Многу скоро од денес, Македонија од увозник на струја, ќе стане извозник. Владата ја обезбедува енергетската сигурност на државата. Иднината во Македонија ќе биде сигурна, сите ќе живееме во држава која ги има сите придобивки на 21-от век. А, СДС слободно може да останат со реториката во минатиот век, народот тоа го гледа и ќе ги избрише на следните избори“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.