Свет
ОН: Неисхранетоста на децата во Јемен е на највисоко ниво досега
Вo делови во Јемен акутната неисхранетост кај децата е на највисоко ниво, што ги засилува предупредувањата дека земјата се приближува кон страшна криза за храна, предупредуваат ОН.
Неисхранетоста во Јемен се влоши и во текот на годината бидејќи пандемијата на коронавирусот, економскиот пад, поплавите и ескалацијата на конфликтот дополнително ја влошија веќе безнадежната состојба поради глад по речиси шест години војна.
„Од јули предупредуваме дека Јемен е на работ на катастрофална криза со храна. Ако војната не заврши сега, се приближуваме кон неповратна ситуација и ризикуваме да умре цела генерација мали деца во Јемен“, рече Лисе Гранде, координатор за хуманитарни работи на ОН во оваа земја.
Според класификацијата на ОН за ситуацијата со неисхранетост во јужен Јемен, во извештајот IPC (Integrated Food Security Phase Classification) се наведува дека случаите на акутна неисхранетост на деца под петгодишна возраст се зголемиле речиси 10 проценти во 2020 година, на повеќе од половина милион.
Случаите на деца со тешка акутна неисхранетост се зголемиле 15,5 проценти, а најмалку 250.000 бремени жени или доилки имаат потреба од третман поради неисхранетост.
Речиси 1,4 милион деца на возраст под 5 години живеат во јужен Јемен, што е под надзор на меѓународно признаената јеменска влада. Сè уште не се достапни податоците за северен Јемен, каде што живеат повеќето Јеменци, а територијата е контролирирана од Хутите под иранско влијание.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.
Свет
(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати
Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку региони останаа без струја. На пат кон освојување на важниот логистички центар Покровск на исток, руската војска ги интензивира и воздушните напади врз гасните и енергетските постројки низ цела Украина, зголемувајќи ги стравувањата од сурова зима за цивилите со падот на температурите.
„Непријателот повторно започнува масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина. Затоа се воведени вонредни прекини на електричната енергија во голем број региони“, изјави министерката за енергетика Свитлана Гринчук на Фејсбук.
🤬 Russians massively attacked Dnipro and its suburbs with kamikaze drones. One of the drones punched through a residential block, collapsing several floors.
Eyewitnesses have shared photos of the aftermath. pic.twitter.com/6vIC0HsbYY
— Denys from Kharkiv (@GlushkoDenys) November 7, 2025

