Европа
Истражување: 70 проценти од Германците сакаат да се вакцинирaат против коронавирусот
Повеќето Германци сакаат да се вакцинираат против коронавирусот штом вакцината биде достапна, покажува студијата на германскиот Институт за економски истражувања (DIW).
Според тоа истражување, околу 70 проценти од Германците би сакале да бидат вакцинирани.
Исто така, половина од Германците сметаат дека треба да се воведе задолжително вакцинирање.
Тие истакнуваат дека задолжителното вакцинирање може да биде алтернатива на другите присилни мерки, како што се ограничување на контактите и скратеното работно време на угостителските објекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шефовите на државите од ЕУ сè уште не се договорија што да прават со замрзнатите руски средства
Лидерите на ЕУ побараа од Европската комисија што е можно поскоро да презентира опции за финансиска поддршка за Украина за следните две години, но прашањето за користење на замрзнатите руски средства останува отворено и ќе биде повторно дискутирано на следниот самит во декември.
„Европскиот совет се обврзува да ги реши итните финансиски потреби на Украина за 2026 и 2027 година, вклучително и за нејзините воени и одбранбени напори“, се вели во текстот, кој беше поддржан од 26 земји-членки на ЕУ, сите освен Унгарија.
„Затоа, Европскиот совет ја повикува Комисијата што е можно поскоро да презентира опции за финансиска поддршка, врз основа на проценка на финансиските потреби на Украина, и ги повикува Комисијата и Советот да продолжат со својата работа за да може Европскиот совет да се врати на ова прашање на својот следен состанок“, се додава во него.
Сепак, во споредба со нацрт-заклучоците, текстот повеќе не споменува „конкретни предлози, вклучително и можна постепена употреба на готовина поврзана со замрзнатите руски средства“.
Ова значи дека сè уште нема договор за користење на замрзнатите руски средства за заем од 140 милијарди евра за Украина и дека ова ќе биде повторно дискутирано на следниот самит во декември.
Пред почетокот на самитот, белгискиот премиер Барт де Вевер изјави дека има услови за согласност за заем на Украина со користење на замрзнатите руски средства депонирани во неговата земја. Белгија сака цврсти гаранции дека другите членки исто така ќе го споделат ризикот со неа во случај на евентуална арбитражна одлука дека парите мора да бидат вратени во Русија.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Снимка од Полска: тркало од автомобил падна среде шини додека се приближуваше воз
Драматична ситуација се случи на железнички премин во Катовице, Полска, кога тркало падна од автомобил додека преминувал по шините, предизвикувајќи возилото да се заглави точно на средината од шините.
Возачот и патникот не можеле сами да го извадат автомобилот, а на помош им дошол полицаец кој не бил на должност. Благодарение на неговата брза реакција, сите успеале да го тргнат возилото од шините неколку секунди пред да пристигне возот.
Според видео објавено на социјалните мрежи, трагедијата била избегната буквално за момент.
Европа
(Видео) Се појави нова снимка од бегството на крадците од Лувр
Се појави неверојатна снимка од двајцата крадци кои лежерно бегаат од Лувр откако украле француски крунски скапоцености во вредност од 88 милиони евра. Видеото, кое стана вирално, ги прикажува крадците како полека се спуштаат од местото на злосторството во товарен лифт, најновиот пресврт во една од најспектакуларните кражби во Франција во последните децении, објавува „Гардијан“.
Што открива видеото?
Клипот од 36 секунди, кој е потврден од весникот „Ле Паризиен“, прикажува двајца мажи облечени во црно како полека се спуштаат по надворешен товарен лифт од галеријата „Аполо“. Едниот од нив носи жолт рефлектирачки елек, а другиот мотоциклистичка кацига. Се чини дека видеото е снимено од блискиот прозорец во музејот, со поглед на кејот Франсоа Митеран, каде што крадците претходно паркирале украден камион со 30-метарска скала што ја користеле за да влезат во галеријата на првиот кат.
🚨 The moment the thieves fled the Louvre was caught on camera!
The robbers left the museum using a lift and then escaped on scooters. 🛵💨 pic.twitter.com/D3xVW8maHe
— NEXTA (@nexta_tv) October 23, 2025
На снимката може да се слушне глас, веројатно од обезбедување, како вели преку радио: „Има поединци на скутери. Си одат, си одат“. Само неколку секунди подоцна, се гледа како мажите бегаат со два скутери, додека друг глас вика: „Проклетство, еве ги – полицијата“.
Грабежот се случи во недела во 9:30 часот наутро, веднаш по отворањето на музејот. Двајца од четворицата членови на бандата влегле во галеријата кршејќи прозорец кој изгледал необезбеден. Тие користеле секач за дискови за да отворат две витрини и украле осум непроценливи парчиња накит. Меѓу украдените предмети биле смарагдна и дијамантска огрлица што Наполеон I ја дал на неговата втора сопруга, Мари Луиз, и тиара што некогаш ѝ припаѓала на царицата Евгенија, сопруга на Наполеон III.
Француските медиуми објавија дека целата операција траела помалку од седум минути и дека крадците биле во самата галерија само 3 минути и 58 секунди. Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез потврди дека повеќе од 100 истражители работат на случајот.
Директорот на Лувр, Лоранс де Кар, призна „страшен пропуст“ пред сенаторите во среда. Таа потврди дека покриеноста на надворешните ѕидови на огромната зграда со безбедносните камери е „значително недоволна“, што очигледно им ја олеснило работата на крадците.

