Црна хроника
Нова форензичка лабораторија за компјутерски вештачења
Во Одделот за криминалистичка-техника при Министерството за внатрешни работи беше промовирана новата форензичка лабораторија за компјутерски вештачења.
За оваа лабораторија Владата издвои 4 милиони денари.
„Со зголемувањето на присутноста и употребата на интернетот и информатичките технологии, но и нивната злоупотреба при вршењето на кривичните дела, надградбата на капацитетите на МВР за нивно откривање се јави како неминовна потреба. Почнувајќи од областа на економскиот и финансискиот криминал, преку детската порнографија и компјутерскиот криминал, практично и не постои кривично дело каде нема потреба од вештачење на паметни телефони, лап-топ компјутери или друга технологија која служи за комуникација или чување на податоци“ соопштуваат од МВР.
Со проектот на Владата за хардверско и софтверско опремување на Одделот за криминалистичка техника во делот на компјутерската форензика се овозможи анализите на доставената компјутерска опрема да се вршат поефикасно, навремено и да се подобри квалитетот на вештачењата.
Целта на лабораторијата е да прерасне во акредитирана лабораторија каде ќе се вршат сите видови на вештачења од областа на компјутерскиот криминал, кои по својот квалитет ќе биде на еднакво ниво со земјите од Европската Унија. Исто така оваа лабораторија планира да основа и свој тренинг центар за обука на експерти во областа на компјутерската форензика. /крај/мвр/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Инспектор од Македонска Каменица запалил службени документи и предизвикал пожар во полициска станица
Полицијата поднесе кривична пријава против Д.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.
Пријавениот, на работно место инспектор за јавен ред и превенција во Полициско одделение Македонска Каменица при СВР Штип, на 27.08.2025 додека бил на работа, во кругот на Полициското одделение Македонска Каменица во старо метално буре кое се користело за фрлање на отпад, фрлил хартија од службени материјали, ги запалил и ги оставил да горат, по што огнот се проширил околу бурето, ја зафатил сувата трева и се приближил до објектот на Полициското одделение Македонска Каменица.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Д.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.
Црна хроника
Тешко повреден велосипедист во Скопје, удрил во пешак
Триесет и осумгодишен велосипедист е тешко повреден откако удрил во пешак во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, Ж.П.(38) од Скопје, управувајќи велосипед, удрил во пешак.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Ограбен скопјанец во автобус на ЈСП
Скопјанец е ограбен во автобус на ЈСП.
Според информациите на МВР, вчера во 16:00 часот во СВР Скопје, К.Д.(43) од Скопје пријави дека околу 07:20 часот во автобус на ЈСП, на подрачјето на Чаир, му бил одземен мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

