Спорт
Де Хеа најплатен голман во Премиер лигата, Ромеро заработува повеќе од Едерсон
Давид Де Хеа има најголема плата од сите голмани во Премиер лигата, покажува истражувањето на „Спотрак“. Според ова истражување првиот голман на Манчестер сити, Едерсон, неделно заработува помалку од третиот голман на Манчестер Јунајтед, Серхио Ромеро. Неверојатен е податокот дека Манчестер Јунајтед, на неделно ниво, за платите на тројцата голмани издвојува 600.000 евра.
Шпанскиот репрезентативец, Де хеа, во Манчестер Јунајтед има неделна плата од 413.000 евра. Неговата плата е за речиси 250.000 евра поголема од вториот на оваа листа, Кепа Аризабалага од Челси.
Голманот за кого Челси платија 80.000.000 евра, неделно заработува 165.000 евра. Трет на листата, на најплатени голмани во Премиер лигата е капитенот на Лестер, Каспер Шмајхел (143.000 евра неделно).
Следуваат Џордан Пикфорд од Евертон, Бернд Лено од Арсенал, Дин Хендерсон од Манчестер Јунајтед, Иго Љорис од Тотенхем и Руи Патрисои од Вулверхемптон. Овие голмани имаат неделни плати од 110.000 евра.
Според многумина најдобриот голман во Премиер лигата, Алисон Бекер од Ливерпул е деветти според платата од 99.000 евра неделно.
Неговиот колега и сонародник, Едерсон Мораеш од Манчестер сити на оваа листат се наоѓа на 12 место. Неделната плата на Едерсон изнесува 71.000 евра, што е за 6.000 евра помалку од она што го заработува третиот голман на Манчестер Јунајтед, Серхио Ромеро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

