Црна хроника
Запленет течен кокаин во Македонија
Македонската полиција заплени течен кокаин. Кокаинот не бил во обемна количина, но во ваквата форма за првпат се запленува кај нас
Пратката била од Венецуела и била транспортирана преку Лондон и Белград.Случајот е реализиран во соработка со полицијата на Велика Британија, а приведен е купувачот на кокаинот. Според информацициите, притворениот е гостиварец кој бил уапсен додека ја подигнувал пратката во пошта. Наводно цената на ова количество од течен кокаин на црниот пазар може да достигне цена до 150 илјади евра.Министерството за внатрешни работи најави обелоденување на податоците во текот на денот. Засега нема имформации на кој начин е спакуван течниот кокаин. Имајќи предвид дека на меѓуанродните аеродроми е зголемена контролата на поштенските пратки, особено кога станува збор за прашкести и течни материи се претпоставува дека со течниот кокаин биле натопени одредени предмети кои требало да ги подигне обвиентиот.Во март 2006 г. граничните полицајци на скопскиот аеродром во Петровец уапсија перуански државјанин, кој се обиде во Македонија внесе 750 милилитри течен кокаин. Перуанецот Сотело Лупа дрогата ја носеше во личниот багаж а таа беше откриена во шише црвено вино скриено во торбите. Се претпоставува дека течниот кокаин во земјава требало да биде преработен во финален производ. Истрагата тогаш покажа дека течниот кокаин требало да биде преработен во финален производ во Македонија. Лупа од свој сонародник добил 2,25 литри течен кокаин и за илјада долари требало да ги пренесе за лице во Скопје со псевдоним Канди. Лупа го преточил кокаинот во три шишиња како црвено вино, ставајќи во секое шише по 750 милилитри од кокаинот. Перианецот од Лима преку Хјустон во САД допатувал до Цирих а од таму во Скопје каде во неговиот личен багаж е откриен кокаинот, додека другите две шишиња останале на циришкиот аеродром.Инаку според полициски извори и пред десетина години, личност позната во балканското криминално милје која се уште се наоѓа на меѓународна потерница на Интерпол која уживаше и политичка заштита, преку скопскиот аеродром примала кокаин во течна форма. Според нашите соговорници, пратката којашто се повторувала неколкупати во текот на една година, се состоела од неколку шишиња скапо вино испратена од Колумбија. Во мај годинава и црногорската полиција уапси три свои државјани за примање течен кокаин од Перу наменет за европскиот пазар а во криумчарскиот синџир биле вклучени и три лица од Косово. Тогаш кокаинот бил на облека која била натопена со него.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична пријава против двајца кавадарчани за сторено кривично дело „лихварство“
ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Н.С.(59) и Р.С.(34), двајцата од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.
Според пријавнеото, тие во периодот од јуни 2023 до ноември 2025 година на лице од Неготино му давале пари на заем со писмени и усни договори, а за себе договарале несразмерна имотна корист во вкупна вредност од 167.000 денари за што оштетениот доставил и докази.
Со наредба од Основен суд Кавадарци извршен е претрес во нивниот дом и помошни простории, при што се пронајдени и одземени мобилни телефони, а од Н.С. се одземени тефтери со забелешки, по што двајцата се лишени од слобода.
Црна хроника
Крадец влегол во куќа во Битола, го затекнал сопственикот
Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка за кривично дело – Разбојничка кражба против едно лице на возраст од 36 години.
На 15 декември, околу два часа по полноќ, осомничениот влегол во незаклучена куќа на улицата „Елпида Караманди“ во Битола, пребарувал низ спратот и пронашол и одзел 2.500 денари. Сопственикот го затекнал при кражбата, па осомничениот, со намера да ги задржи украдените средства, физички го нападнал со употреба на сила и му се заканил дека ќе го прободе со скалпел.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор.
Црна хроника
Прегазена 56-годишна скопјанка: ја удрило „порше“
Вчера околу 20:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Лука Геров“ со ул.„Андон Кецкаров“ во Скопје, патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ќ.К.(52) од Скопје, удрило во 56-годишната Ц.Ц. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Ц., констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

