Црна хроника
Течниот кокаин бил пратен преку ДХЛ пошта
Течниот кокаин, кој што го заплени македонската полиција во соработка со британската полиција, бил испратен преку ДХЛ – пошта, соопштуваат од МВР
Патот на дрогата бил Венецуела, Лондон, Белград, а крајната дестинација била Скопје. Дрогата ја набавил триесет и петгодишниот Сехад Асипи од гостиварското село Добри Дол за препродажба на македонскиот нарко – пазар.Венецуелката Рита Теран, дрогата ја спакувала како поштенска пратка – пакет ДХЛ пошта, на 25 -ти минатиот месец и му ја испратила на Асипи на адреса на фирмата „Адриана Турист“, во Добри Дол – Гостивар во сопственост на неговиот брат. На 28, минатиот месец, царинските служби од Велика Британија на Меѓународниот аеродром Гетвик, Лондон го детектирале течниот кокаин сокриен во поштенска пратка, по што ја известиле македонската полиција, бидејќи крајната дестинација на дрогата, била Скопје.Во понеделникот Асипи пристигнал во седиштето на ДХЛ во населбата „Илинден“ во Скопје, ја подигнал пратката и го сместил пакетот во багажникот од своето возило. По преземањето на пратката, од страна на полициските службеници, било запрено возилото и при извршениот преглед во багажникот, таму бил пронајден еден картонски пакет облепен со леплива лента со натпис ДХЛ. Во пакетот имало повеќе пластични садови и три послужавници во правоаголна форма изработени од плексиглас со светло зелена боја, со дрвени рамки, исполнети со непозната течна материја. „Ниту осомничениот, ниту неговиот брат досега немаат никакви пријави во врска со вакви кривични дела кои што се поврзани со недозволена трговија и шверц со наркотици. Фирмата требало да функционира како еден вид на туристичка агенција, да нуди таков тип на услуги, угостителски и туристички услуги. Во конкретниот случај станува збор за 1.100 милилитри кокаин во течна состојба, кој што со едноставна хемиска реакција, за која и не треба и некое посебно знаење да се изведе, може да се добие околу 700-800 грама исклучително чист кокаин со висок квалитет, чија малопродажна цена на нарко пазарот може да достигне и до 150.000 евра“ вели портпаролот на МВР, Иво Котевски. Асипи е приведен во полициската станица „Гази Баба“ и против него е поднесена кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.