Регион
ПКК ја презеде одговорноста за последните напади во Турција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/elzag20turcija.jpg)
– ILYAS AKENGIN / AFP – Getty Images
Екстремистичката Работничка партија на Курдистан(ПКК) ја презеде во петок одговорноста за вчерашниот самоубиствен напад врз полициската станица во градот Елазиг, објавено е на интернет страницата на ПКК.
Екстремистичката Работничка партија на Курдистан(ПКК) ја презеде во петок одговорноста за вчерашниот самоубиствен напад врз полициската станица во градот Елазиг, објавено е на интернет страницата на ПКК.
Во тој напад беа убиени тројца полицајци, додека 217 се ранети.Меѓу повредените се и 85 полицајци, наведува Reuters.Во Турција во четвртокот за 24 часа се случија три напади врз полициски и воени сили, во кои загинаа најмалку 11 лица, додека повредени се 226 луѓе.Турските власти за овие напади веднаш ги обвинија припадниците на ПКК. /крај/он/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
(Видео) Грабеж на банка во Мостар, чуварот со голи раце тргнал кон вооружениот разбојник
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-06-192004.jpg)
Обид за вооружен грабеж се случил денеска во експозитура на банка во Мостар, јавуваат медиумите во регионот.
Маскирано лице со пиштол влегло во банката, а обезбедувањето го ризикувало животот тргнувајќи по него со голи раце, пренесува „Аваз.ба“.
Откако се борел со обезбедувањето, напаѓачот избегал од банката.
Според написите на тамошните медиуми, разбојникот набрзо бил уапсен.
Регион
Маж застрелал куче кое му влегло во дворот во Славонски Брод
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/03/Priča_o_psu_heroju_koji_se_doma_vratio_s_porukom_koja_je_začudila_vlasnike_-_Index.hr_-_2019-03-11_20.47.45.jpg)
Полициската управа пријавила дека вчера околу 19 часот во Славонски Брод 79-годишен маж со воздушна пушка пукал во куче кое без надзор влегло во неговиот двор. Кучето потоа умрело од повредите здобиени за време на операцијата во ветеринарна клиника.
Според полицијата, полициските службеници од 79-годишниот маж одзеле регистрирана воздушна пушка и против него поднеле посебен извештај како дополнување на кривичната пријава до општинското државно правобранителство во Славонски Брод поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело убивање или мачење животни.
Потоа, на 49-годишник изречена му е прекршочна мерка од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир затоа што не чувал животни под надзор.
Регион
Вонредна состојба на Санторини
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/01/677z381_677z381_santorini.jpg)
На грчкиот остров Санторини е прогласена вонредна состојба поради зголемена сеизмичка активност која продолжува да го потресува популарниот остров во Егејското Море и соседните Аморгос, Анафи и Иос, а што поттикна многу жители и посетители да ја напуштат областа, пишува онлајн изданието „Катимерини“.
Вонредната состојба ќе важи до 3 март, соопштија властите за цивилна заштита.
Земјотресите продолжуваат да ја тресат областа, зголемувајќи го ризикот од сериозни одрони и паѓање на карпи.
Само во ноќта меѓу вторникот кон средата шест земјотреси со јачина од околу 4 степени се регистрирани во областа Санторини, по кои синоќа следеше посилен потрес со јачина од 5,2 степени јужно од Аморгос.