Црна хроника
САД: Студент уби три лица со сачмарка

Дваесетгодишен студент застрела три лица во Калифорнија, по што изврши самоубиство зада не и се предаде на полицијата, јави Асошиејтед прес.
Студентот Али Сајед првин убил една девојка во куќата, во која што живеел со своите родители, по што излегол на улица влегол во еден камионет, го принудил возачот да вози по автопат, додека тој пукал по други автомобили.Кога снемало бензин, Сајед го убил возачот, по што заминал до еден шопинг центар, каде што украл камионет од еден градежен работник, кој стана трета жртва.Сајед извршил самоубиство на една раскрсница во момент кога го стигнала полицијата. Родителите на Сајед го пријавиле случајот во полицијата веднаш штом ги слушнале првите истрели. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведени двајца битолчани со пиротехника на натпреварот Вардар – Пелистер

Двајца битолчани биле приведени од страна на полицијата за време на синоќешниот ракометен натпревар меѓу Вардар 1961 и Пелистер, што се одигра во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, приведени се П.Д. (26) и Д.А. (23), зашто кај нив биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.
Според МВР, против двајцата се поднесени поднесоци по Законот за спречување насилството и недостојното однесување на спортските натпревари.
Црна хроника
19-годишна девојка загина во тешка сообраќајка на патот Скопје-Тетово

19-годишна девојка загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера, околу 16:20 часот, на регионалниот пат Скопје-Тетово.
„Патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишната М.Џ. од село Семениште, Општина Сарај, излетало од патот и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.М.(19) од село Семениште, која била пренесена во Комплекс клники „Мајка Тереза“, каде што во 17:40 часот лекар констатирал смрт“, информира МВР.
Со телесни повреди се здобиле сопатничките А.М.(21), А.М.(21) и Р.М.(24), сите од село Семениште, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршиле екипа на СВР Скопје и јавен обвинител по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.
Црна хроника
Лишен од слобода возач во Кавадарци, управувал возило со 2,13 промили алкохол во крвта

Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци, ноќеска во 01:35 часот на улица „Кочо Рацин“ во Кавадарци, го лишиле од слобода Т.П.(58) од Скопје.
Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, при сообраќајна контола и преземени мерки констатирано е дека управувал патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,13 промили алкохол во крвта.
„Т.П. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информираат од МВР.