Спорт
Работнички пак го доби „вечното“ дерби со МЗТ на стартот на новата сезона

Работнички го доби првиот голем меч на отварањето на Суперлигата, триумфирајќи над „вечните“ ривали МЗТ со 94:90 (27:15, 18:30, 26:21, 23:24) во меч полн со пресврти најавувајќи интересна борба за титулата.
Работнички имаше одлично отварање на мечот и предност од осум поени по првата четвртина, но „металците“ вратија со 10:0 серија за на полувреме да се отиде со нерешен резултат (45:45). Двата тима не успеаја да се одвојат ниту во второто полувреме, пред Работнички на Димитар Мираковски да се одлепи и да стигне до победата.
Питс со 29 поени беше најдобар за Работнички, а одлични беа и Белмазовиќ (19) и Вашингтон (17), додека кај МЗТ најефикасен беше Олуџоби со 19 поени.
Фото: КФМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јубилејната 100.пол-позиција Маркез ја прослави со победа во спринтот во Муџело

Марк Маркез ја забележа својата осма победа во спринт трките оваа сезона.
Марк стартуваше од пол позицијата, 100-ти пат во неговата кариера, и славеше во спринтот на култната патека во Муџело.
Покрај возачот на Дукати, место на подиумот изборија неговиот помлад брат, Алекс, возач на Гресини Дукати и колегата од Дукати, Франческо Бањаја.
На чело на колоната беше Алекс откако го престигна Банњаја, кој беше во водство откако Марк имаше бавен старт, но сè беше решено веќе во четвртиот круг кога Марк успеа да се пробие напред и потоа без проблеми ја заврши трката.
Банњаја успеа во последните два круга да им одолее на обидите на Маверик Вињалес да го загрози и да го задржи третото место.
Марко Бецеки возеше со оштетен мотор добар дел од трката по контактот со Педро Акоста, а на крајот сепак успеа да го задржи шестото место.
Од третото до десеттото место се пласираа:
Маверик Вињалес беше четврти пред Фабио ди Џанантонио, Марко Бецеки, Франко Морбидели, Раул Фернандез, Фермин Алдегер и Фабио Куартараро.
Трката во недела е закажана од 14 часот.
Спорт
Џабари Паркер две години во Партизан

Џабари Паркер наредната сезона ќе го носи дресот на Партизан. Српските медиуми тврдат дека некогаш вториот пик на драфтот, договорил две годишна соработка, за која ќе добие вкупно пет милиони евра.
Џабари Паркер има 30 години, висок е 203 сантиметри, роден е во Чикаго и пред да дојде во Европа играше за Милвоки, Чикаго, Вашингтон, Атланта, Сакраменто и Бостон. Изминатите две сезони играше во Барселона две сезони.
Откако за наредната сезона Барселона потпиша договор со Торнике Шенгелија, Паркер и Каталонците спогодбено се разделија.
Минатата сезона, во дресот на каталонскиот тим, имаше 13,8 поени и четири скока по натпревар во Евролигата. Паркер беше прогласен и за член на втората најдобра петорка на АЦБ лигата оваа сезона.
Спорт
Арсенал го заврши трансферот на Зубименди

Фудбалскиот клуб Арсенал наскоро ќе го комплетира првиот трансфер во летниот преоден рок. Како што се најавуваше во изминатите два месеци, во тимот на Микел Артета доаѓа Мартин Зубименди.
Шпанскиот репрезентативец, пристигна во Лондон за да го комплетира својот трансфер од Реал Сосиедад во Арсенал, објави „Атлетик“.
26-годишниот играч од средниот ред треба да ги договори деталите пред договорот официјално да биде финализиран.
Инсајдерот, Фабрицио Романо во петокот објави дека Арсенал ќе плати 65 милиони евра за Зубименди.