Црна хроника
Кривична пријава за бесправно градење и узурпација на недвижности
Триесет и деветгодишен скопјанец без дозвола градел на државно земјиште и на две парцели кои биле приватна сопственост во Бутел.
„Пријавениот во текот на септември оваа година узурпирал градежно земјиште во катастарска општина Бутел со површина од 4.746 метри квадратни, сопственост на РС Македонија, и без да обезбеди одобрение за градење, во својство на инвеститор, започнал и изведувал противправни градежни активности – градба од втора категорија, за која е потребно одобрение за градење согласно член 57 став 2 од Законот за градење.
Исто така, на две соседни катастарски парцели во катастарска општина Бутел, од кои едната 4.746 метри квадратни, а другата 1.672 метри квадратни, којашто била приватна сопственост на друго физичко лице, започнал со изведување на противправни градежни активности, со што ги сторил кривичните дела“, соопшти МВР.
Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против С.А.(39) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела бесправно градење и узурпацијата на недвижности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

