Црна хроника
Двајца тешко ранети во дворот на гостиварската болница

Двајца тешко ранети сопружници е исходот на семејна драма која утрово се одиграла во дворот на гостиварската болница
Според првичните сознанија добиени од полицијата, 47-годишниот такстист од Гостивар околу 10 часот утрово ја застрелал својата 41-годишна сопруга во дворот на болницата. Набрзо потоа се обидел да се самоубие на самото место, но не му пошло од рака, па заминал во домот каде дестина минути си испукал куршум во слепочоницата. Двајцата сопружници претходно имале вербална расправија, по што сопругот наеднаш ја турнал на земја сопругата и го извадил пиштолот што го нсоел во појасот а го поседувал без дозвола.По укажаната лекарска помош, а поради сериозноста на задобиените повреди, двајцата веднаш се пренесени на скопските клиники.Полицијата, истражен судија и заменик јавен обвинител вршат увид на местата на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсени двајца турски државјани на Деве Баир, на увид приложиле фалсификувани зелени картони за возилата што ги управувале

Вчера вечер, во 20:10 часот и денеска во 00:10 часот по полноќ, на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода 46-годишниот Ш.А. и 39-годишниот Џ.К., двајцата од Република Турција.
При гранична проверка и контрола на товарно возило „даф“ со полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал Ш.А., било констатирано дека меѓународните зелени карти, кои ги дал на увид, биле фалсификувани.
Исто така, при гранична проверка и контрола на товарното возило „рено“ со турски национални ознаки, кое го управувал Џ.К., било констатирано дека на увид приложил фалсификувана зелена карта.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Германец фатен со дрога на Табановце: во неговото возило пронајдени пакувања со марихуана

Вчера вечер во 20:25 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 46-годишниот О.С. од Сојузна Република Германија.
При гранични проверки и контрола во возилото кое го управувал биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Малолетник со електричен тротинет удрил во пешак на „Партизанска“, со тешки повреди пренесен во болница

Тешко повреден пешак на велосипедска патека во Скопје, во него удрил електричен тротинет.
Според информациите на МВР, на 31 август, во 17:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, на велосипедската патека, електричен тротинет управуван од малолетник удрил во Р.Т.(84), двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле и малолетникот и пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.