Спорт
ЛЕ: Јазичи го покори „Сан Сиро“ како Ривалдо – Милан првпат загуби од 8 март
Фантастичната низа на мечеви без пораз на Милан заврши вечерва на „Сан Сиро“, откако францускиот Лил стигна до спектакуларна 0:3 победа во третото коло од Лига Европа.
За Милан ова е прв пораз од 8 март оваа година, а најголем виновник е Турчинот Јусуф Јазичи, кој постигна хет-трик за паметење. 23-годишниот Јазичи е првиот фудбалер кој постигнал хет-трик против „росонерите“ на „Сан Сиро“ по легендарниот Ривалдо во Лигата на шампионите во 2000.
Арсенал се намачи за 4:1 победа над норвешкиот Молде, Црвена звезда ја забележа втората победа, овојпат со 2:1 над Гент, додека Динамо Загреб првпат победи со 1:0 над австрискиот Волфсбергер.
ЛИГА ЕВРОПА, 3.КОЛО
ГРУПА А
Јанг Бојс – ЦСКА Софија 3:0
ГРУПА Б
Арсенал – Молде 4:1
ГРУПА Г
Лестер – Брага 4:0
Зорја Луханск – АЕК 1:4
ГРУПА Х
Милан – Лил 0:3
Селтик – Спарта Прага 1:4
ГРУПА Ј
Антверпен – ЛАСК Линц 0:1
ГРУПА К
Динамо Загреб – Волфсбергер 1:0
Феенорд – ЦСКА Москва 3:1
ГРУПА Л
Црвена звезда – Гент 2:1
Хофенхајм – Слован Либерец 5:0
МИЛАН – ЛИЛ
АРСЕНАЛ – МОЛДЕ
ЛЕСТЕР – БРАГА
ХОФЕНХАЈМ – ЛИБЕРЕЦ
ФЕЕНОРД – ЦСКА МОСКВА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Левандовски го одјави Интер Мајами
Полскиот напаѓач Роберт Левандовски не сака да ја продолжи кариерата во Интер Мајами, објави италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо. Левандовски е договорно обврзан со Барселона до крајот на оваа сезона и ќе одлучи за својата иднина откако ќе истече договорот. Романо додава дека, исто како и Левандовски, германскиот напаѓач Тимо Вернер нема да се приклучи на Интер Мајами.
Полјакот има 37 години, а оваа сезона постигна осум гола во 17 настапи и асистираше двапати.
Ова му е четврта сезона во Барселона, за која досега играше многу добро. Има 164 настапи и постигна 109 гола. Пред да пристигне во Барселона, Левандовски играше за Баерн, за кој постигна 344 гола, и за Борусија Дортмунд, за која постигна 103 гола.
Интер Мајами е клубот на Лионел Меси (38). Сопственикот Дејвид Бекам успеа да го убеди Меси да дојде во Флорида пред две години, и оттогаш полека се гради тим од пријателите на Меси. Следната сезона таму ќе бидат Родриго де Пол и Луис Суарез, додека Серхио Бускетс и Џорди Алба ги завршија кариерите.
Интер Мајами ги освои своите единствени трофеи во оваа ера на Меси. Тоа се МЛС Купот и Купот на Американската лига. Меси беше прогласен за МВП на МЛС две сезони по ред.
Foto/ depositphotos
Спорт
Икарди ќе го напушти Галатасарај
Напаѓачот на Галатасарај, Мауро Икарди (32), би можел да ја продолжи кариерата во Италија или Шпанија, објавија италијанските медиуми, додавајќи дека неговиот менаџер е во контакт со Милан, Комо и Рома.
Икарди, во Галатасарај пристигна пред четири години, досега постигна 69 гола и додаде 22 асистенции.
Со доаѓањето на Виктор Осимен, а потоа и на крилниот напаѓач Лерој Сане, целосно се смени статусот на Икарди.
Иако постигна осум гола на 21 натпревар оваа сезона, тој беше во почетниот состав само шест пати. Бидејќи неговиот договор со Галатасарај истекува на крајот од оваа сезона, можно е тој да се пресели во нов клуб веќе во зимскиот преоден рок.
Италијанските медиуми објавуваат дека покрај италијанските, интерес за Аргентинецот покажале шпанските клубови Елче и Овиедо.
За време на неговата кариера, Икарди играше и за Сампдорија, Интер и ПСЖ. Најдлабока трага остави во Интер, за кој постигна 124 гола на 219 натпревари.
Спорт
Тер Штеген на пат кон северен Лондон?
Фудбалскиот клуб Тотенхем, има желба да го ангажира голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген.
Водечкиот спортски медиум во Каталониј, „Спорт“, пишува дека за Тер Штеген нема место во Барселона, а во Тотенхем не се задоволни од фромата во која брани Гиљелмо Викарио. Исто така, повремениот италијански репрезентативец се поврзува со Интер, но овој трансфер може да се случи дури по завршувањето на сезоната.
Тер Штеген, неодамна се врати од долгата повреда, прв голман е Џоан Гарсија, кој пристигна летово од Еспањол. Јасно е дека нема иднина на „Ноу Камп“, а доколку сака да биде во германската репрезентација на СП, мора да најде тим каде што ќе брани.
Foto/ depositphotos

