Црна хроника
Искршил комбе оти не го превезол бесплатно

Во петокот околу 15.30 часот, во Штип на ул „Гоце Делчев“ на автобуска постојка, непознат сопрел комбе и сакал да го превезат бесплатно, а откако бил одбиен почнал да крши, соопшти полицијата.
Лицето побарало да биде превезено до Свети Николе, без да плати карта со комбето марка „Фиат Ивеко“ со кумановски регистерски ознаки сопственост на “Југ Турист“- Куманово управувано од Д.Ј. (57) од Куманово.
Откако Д.Ј. не се согласил, непознатото лице го испрскало со спреј во очи, ја искршило бравата на вратата и со удар со рака го напукнало предното ветробранско стакло, по што избегало..
На Д.Ј. му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Штип и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Прегазен пешак во Македонска Каменица

Вчера во 16.25 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица, патничко возило „фолксваген голф“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од П.М. (71) од Македонска Каменица, удрило во пешакот И.Ј.(80).
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.
Црна хроника
18-годишна девојка допирана по телото на автобуска постојка во Центар

Синоќа во 21.30 часот во СВР Скопје, 18-годишна девојка од скопско село пријавила дека на автобуска постојка на подрачјето на Центар била допирана по телото од едно машко лице.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
736 сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден, 109 за брзо возење

Продолжувајќи со засилените сообраќајни контроли по патиштата низ земјава вчера (26.03.2025) полициските службеници издале вкупно 736 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци по основ на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.
Притоа, во рамки на оваа бројка, а по основ на неправилно паркирање и возење со брзина поголема од дозволената, биле регистрирани 219, односно 109 прекршоци.
Покрај ова, за возење без возачка дозвола регистрирани се 76 возачи, потоа 53 учесници во сообраќајот биле санкционирани за неносење сигурносен појас, петмина за неносење на заштитна кацига, а пак 16 за користење на мобилен телефон при возење.
Исто така, според статистичките показатели, во пет случаи возачи минале на црвено светло, во 11 случаи кај возачи било утврдено возење под дејство на алкохол, а санкционирани биле и седум пешаци.
По основ пак на Законот за возила дури 56 возила биле отстранети од сообраќај и тоа 40 заради техничка неисправност, а 16 возила се отстранети од сообраќај затоа што биле нерегистрирани.